10.8 C
Скопје
23:42 - 3 април, 2026

(ФОТО) КОЛЕГИТЕ И ПРИЈАТЕЛИТЕ НА ПРЕРАНО ПОЧИНАТИОТ АКТЕР ВО ШОК: Каков удар сине, монструозен и подмолен…

Откако одекна веста дека македонскиот актер Славиша Кајевски починал, неговите колеги и пријатели во шок, неверување и со голема болка се простуваат од актерот со емотивни објави на социјалните мрежи.

Утрово МНТ, матичната куќа на Славиша Кајевски, ја објави веста дека младиот актер трагично го загубил животот на 39-годишна возраст.

По објавувањето на трагичната вест, не престануваат да се нижат емотивните објави како последен поздрав кон прерано починатиот талентиран актер.

Министерката за култура Ирена Стефоска се прости од Кајевски со зборовите:
„Славиша, израз на добрина и човечност, висока професионалност. Прекината е богата кариера. Остануваат впечатливи ликови кои секогаш ќе сјаат и ќе зборуваат за една голема актерска ѕвезда. Со длабока тага, изразувам сочувство до семејството, колегите, пријателите. Нека ти е светол патот, Славиша.“

Меѓу бројните колеги и јавни личности се Весна Петрушевска, Драган Спасов-Дац, Јелена Јованова, Кристина Арнаудова, Гаро Тавитјан, Елена Ристеска…

„Каков удар сине, монструозен и подмолен шок. За мене ќе бидеш мојот син Раде од Министерка, те сакам убавецу… одмори се и поздрави ги другарите“, напиша Весна на Фејсбук.


Слични објави

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо
Се вчитува....