14:45 - 7 ноември, 2026

(Фото) Кој е згодниот партнер на Ева Каили кој стана „славен“ со Катаргејт: Шармер опседнат со своите мускули и со „животен стандард што ги надминува неговите можности“

Животот на Франческо Џорџи веројатно засекогаш се промени на 9 декември, кога заедно со неговата партнерка и поранешна потпретседателка на Европскиот парламент Ева Каили, поранешниот европратеник Антонио Панцери и генералниот директор на невладината организација „Нема мир без правда“, Николо Фига Таламанка, беше уапсен од Белгиските власти под обвинение за корупција.

Франческо само до до пред неколку дена беше „едноставен“ (и згоден, би се согласиле жените) пратенички асистент со страст за сурфање, а сега одеднаш заврши во центарот на меѓународна истрага во која се вклучени членови на Европскиот парламент и тајните служби на половина Европа.

За време на долгото испрашување од страна на полицијата и судските власти, Франческо наводно им признал на белгиските судии дека управувал со „пари што од Мароко и Катар биле прераспределени меѓу претставници на Европскиот парламент, парламентарни асистенти и други личности со влијание во бриселските институции“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Francesco Giorgi (@fragiorgi13)

„Направив се за пари што не ми требаа“, им признал Џорџи на истражителите, според пишувањата на италијанските медиуми, а потоа се обидел да ја ослободи од обвинение својата партнерка Ева Каили.

На триесет и пет години, Франческо Џорџи, според белгиските истражители, покажал „животен стандард што ги надминал неговите можности“. Во патот на кариерата тргнал од Абијатеграсо, во близина на Милано, како син на директор и учителка, а по дипломирањето политички науки во 2009 година се преселил во Брисел.

Близок до Демократите од левицата, сега Демократска партија, тој ја започна својата работа како собраниски асистент во Брисел на Антонио Панѕери, поранешниот европратеник уапсен заедно со него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Francesco Giorgi (@fragiorgi13)

Во Белгија, освен добра работа, Франциско Џорџи си ја најде и љубовра: Ева Каили, грчка европратеничка девет години постара од него. Заедно имаат една ќерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Kaili (@evakaili)

Несомнено згоден и шармантен, италијанскиот весник „Кориере дека сера“ го опишува како „опсесивен во изборот на храната, во утринско мерење на вага и градење на мускулите“, како и „одличен додворувач“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Francesco Giorgi (@fragiorgi13)

Според некои познаници, сепак, Џорџи страдал „неверојатно од стрес“, толку многу што веднаш ја прелил чашата пред судиите што го истражуваат Катаргејт, истрага која сега го направи и „славен“.

Слични објави

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....