08:27 - 8 ноември, 2026

(Фото) „Јас сум во специјална болница, кога ногата ќе биде готова…“: Милиќ Вукашиновиќ се огласи по ампутирањето на ногата, еве како се одвива опоравувањето

Српскиот рокеј Милиќ Вукашиновиќ неодамна се соочи со бројни здравствени проблеми, а лекарите мораа итно да му ја ампутираат ногата.

Милиќ Вукашиновиќ по ампутацијата на ногата отиде на рехабилитација, а од болница се огласи и објави фотографија на која е насмеан покажувајќи дека не го губи ведриот дух.

– Еве јас сум во специјална болница за рехабилитација и ортопедска протетика и кога ногата ќе ми биде готова, ќе се сликам со двете нозе и нема да знаете која е која – порачал Милиќ.

 


Да потсетиме, рокерот неодамна се огласи за „Блиц“ и откри како се чувствува.

– Еве ме во рајот. Јас сум во болница, ја оперирав ногата, ми ја отсекоа ногата над коленото. Сè се влоши, два месеци трпев страшни болки, надевајќи се дека можеби ќе направат хипербаричната комора или електромагнетните бранови, бањите, пробав сè, стапалото не мрдаше. Од тие болки може да полудиш и потоа за да не бидам луд, да не можам повеќе да свирам и да бидам доктор за рокенрол, дојдов да ми ја отсечат ногата и потоа ќе бидам доктор за рокенрол и идол на младите. Ова нема да ме убие. Да не беше Сузана, јас немаше да бидам жив – изјави претходно Милиќ за „Блиц“.

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....