08:15 - 8 ноември, 2026

(Видео) Бадниковата трпеза на Сека Алексиќ: Пејачката покажа дека е вистинска домаќинка!

Српската пејачка Сека Алексиќ е посветена верничка, која секогаш ги почитува и слави верските празници според обичаите.

За Бадник, таа подготви празнична посна трпеза, која ја претстави на својот профил на социјалната мрежа Икс. Според видеото што го објави, јасно е дека се потрудила да создаде стилски уреден амбиент.

На трпезата во нејзиниот семеен дом биле поставени чинии, вазни со вода и свеќи, како и суво овошје. Посебно внимание привлекува фигурата на Богородица со малиот Исус Христос во рацете, што дополнително го нагласува значењето на празникот.


Алексиќ, која со сопругот Вељко Пиљикиќ има два сина – Јаков и Јован, отворено зборуваше за борбата што ја водела за да стане мајка.

„Што се однесува до маслото на Свети Нектариј, постои правилник за неговата употреба. Не може да се користи без благослов и има правила за дозирање. Жената го пие маслото, се причестува, а потоа оди на процесот на вонтелесно оплодување. Ние сето тоа го испочитувавме, и благодарам на Бога, се роди мојот Јаков“, изјави Алексиќ во една прилика.

Свети Нектариј живеел кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Бил епископ на Пентаполската епархија во Александрискиот патријархат, а подоцна управувал со богословска школа во Грција. Неговата скромност и света посветеност го направиле значајна фигура во православието, и покрај многуте предизвици и клевети со кои се соочувал.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....