20:38 - 7 ноември, 2026

(Фото) Ивона Јо направи тетоважа во спомен на починатиот татко: „Вечно впишан на мене и во мене“

Македонската пејачка Ивона Јо во 2025 година се соочи со голема загуба – ненадејната смрт на нејзиниот татко.

Оттогаш, таа во неколку наврати отворено зборуваше за тагата и за тоа колку тешко се помирува со неговото отсуство.

Сега пејачката одлучи да направи нешто што, како што вели, веќе една година го носела во себе. Во спомен на својот татко, Ивона направи тетоважа што за неа има посебно емотивно значење.

Моментот го сподели со своите следбеници на социјалните мрежи, каде што откри дека дури сега почувствувала дека е подготвена за овој чекор.

„Конечно се почувствував спремна да го направам чекорот- кој година дена тлее во мене.

Тетоважа за него. За неговото присуство. За едно детство. За една љубов таткова.
Ќале мој, колку многу не дозволуваше да се тетовирам. После третата тетоважа дигна раце од мене и не се бунеше за ништо веќе.
Ова е за тебе татко мој. Вечно впишан на мене и во мене“, напиша Ивона.

Фото: Инстаграм/Ивона Јо

Со тетоважата, пејачката одлучи на траен и личен начин да го зачува споменот на својот татко, со кого била силно поврзана.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....