22:14 - 6 ноември, 2026

„Шест месеци не плаќав кирија, знаеше дека не работам“: Пејачката три години живееше во станот на Ацо Пејовиќ и откри сè за тешкиот период

Пејачката Вања Мијатовиќ, која се прослави преку музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, откри непознати детали од почетокот на кариерата кога три години живеела како подстанарка во Белград со колешката Андреана Чекиќ.Таа живеела кај познатиот пејач Ацо Пејовиќ и неговата сопруга Билјана.

Во 2013 година, Вања доживеа тешка сообраќајна несреќа со сериозни повреди, поради што со месеци се закрепнуваше и повторно учеше да чекори. Поради тоа, таа цели шест месеци беше спречена да настапува и да заработува.

Познатиот естраден пар тогаш покажа огромна хуманост и солидарност:

„Жaвеевме во неговиот стан три години. Беше феноменален, слабо и го гледавме, повеќе ја гледавме неговата сопруга Билјана која се грижеше за тие работи — таа е жена змај. Јас во тоа време имав сообраќајка, не работев шест месеци и тие ме ослободија од сите трошоци бидејќи знаеја дека не работам. Морам и јавно да им се заблагодарам“.

Иако тешката несреќа остави длабоки траги, Вања истакнува дека овој гест ѝ помогнал да ги сфати вистинските животни вредности и дека на естрадата сепак постојат луѓе со големо срце.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....