11:06 - 28 ноември, 2026

(Фото) Гоца Тржан уловена на скриена плажа во бикини: Пејачката изгледа топ на 51 година!

Пејачката Гоца Тржан ја уловиле на плажа во Црна Гора, при што имале можност да ја снимат во костим за капење, во кој изгледа неверојатно со оглед на тоа што има 51 година, пишува српски „Блиц“.

Гоца била во друштво на нејзината пријателка и сопругот Рашо, а според фотографиите што ги сними „Блиц“, може да се забележи нејзиното извајано тело, како и големата тетоважа на грбот.

На прашањето како ѝ успева да одржава таков изглед, пејачката одговорила:

„Тоа се години. Не можеш да почнеш да се негуваш на 50 години, туку тогаш кога ќе станеш свесен дека кожата пропаѓа. Јас сум една од оние жени кои, кога одат на шопинг, никогаш не се враќаат без крем за тело, раце, лице… Обожавам козметика и сакам да се негувам, тоа е дел од моето воспитување и мојата култура“, започнала Гоца во разговорот за „Блиц“ и додала:

„Јас никогаш не би се менувала со мажите, ги сакам женските ритуали, да се мачкам, да мирисам, да одам на маникир, педикир… Не ми е напорно тоа, мене тоа ми се допаѓа. Јас сакам рацете секогаш да ми бидат средени, стапалата, кожата да ми е чиста, да немам влакна по телото, тоа е дел од мојата естетика“.

Како што вели, обожава да летува во Црна Гора, каде што редовно и настапува.

„Црна Гора е дел од моето растење и голем дел од мојот професионален живот е во Црна Гора, а имам толку многу пријатели и семејство. Кога ќе дојдам, не знам каде ќе одам прво. Најчесто ги викам пријателите да се дружиме, бевме на брод…“.

Кога ја прашале дали забележува дека оваа година е послаба сезона на црногорскиот брег, таа одговорила:

„Забележувам дека има помалку луѓе во рестораните, но сè ќе се среди. Една година мора да биде полоша, а следната ќе биде подобра. Секоја сезона си носи своја.“

Фотографиите од Гоца Тржан во костим за капење можете да ги видите – ТУКА.

 

Слични објави

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.
Се вчитува....