12.8 C
Скопје
14:09 - 25 април, 2024

(Фото) Франција „гори“ од скандалот со министерката Марлен Скиапа која позираше за Плејбој: „Непристојно е“

Државниот секретар за социјална економија и јавен живот на францускиот премиер, 40-годишната Марлен Скиапа, се најде во центарот на скандал откако позираше за магазинот „Плејбој“ и во интервју зборуваше за правото на жените слободно да ја изразуваат својата сексуалност.

Актот на министерката енергично се дискутира во француската влада, медиумите и на интернет. Напис за скандалот беше објавен и во Њујорк Тајмс.

Најмногу од се, чинот на Марлен Скиапа ја налути помладата министерка за еднаквост Изабел Рим. Изабел била навредена што Скиапа која ги брани феминистичките ставови и се бори за еднаквост, се појави на насловната страница на „сексистички магазин“.

„Зошто го избравте Плејбој да ги промовира правата на жените кога ова списание е збирка на сите сексистички стереотипи? Плејбој никогаш нема да биде наш сојузник“, ја цитира „Ле Фидаро“ нејзината изјава. Портпаролот на владата Оливие Веран зборуваше во одбрана на министерката: „Марлен Скиапа се бори за правата на жените, кои никој не може да и ги одземе или да ги доведе во прашање“.

Многумина, сепак, се сомневаат во соодветноста на појавување во такво списание во време кога брановите на протести против новиот закон за зголемување на старосната граница за пензионирање ја зафатија земјата. Премиерката на земјата, Елизабет Борн, сметаше дека е неопходно лично да ја прекори Марлен по телефон. „Тоа беше несоодветно, особено во вакво време“, ја цитира Њујорк Тајмс нејзината изјава.

Пратеничката и екофеминистка на Зелените Сандрин Русо истакна дека г-ѓа Скиапа позирала во боите на Француската Република кога земјата била под екстремен стрес. „Тоа е непочитување кон она што се случува во моментов во општеството“, рече таа.

твитер

Вчерашното сензационално издание на списанието со Скиапа на насловната страница, излезе во продажба и предизвика нов бран на дискусии. За насловната страница, Марлен позираше на позадината на француското знаме: на фотографијата е прикажана во бел фустан, со десната рака притисната на срцето. „Бранењето на правото на жените да го контролираат своето тело е важно секогаш и секаде. Во Франција жените се слободни. Не обрнувајте внимание на злонамерните и лицемерите“, напиша таа на Твитер.


Насловната фотографија беше алузија на симболот на француската слобода – сликата на уметникот Ежен Делакроа „Слободата го води народот“ (или „Слобода на барикадите“). На познатото платно, девојка во фустан кој ѝ паднал од градите ги води граѓаните низ барикадите, држејќи пушка и француско знаме во рацете. „Тоа не беше дел од нашите планови. Но, идејата беше да го отелотвориме овој дух“, рече помошникот за комуникации на Скиапа, Јенад Млараха.

фото Твитер

На 12 страници на списанието Марлен е прикажана на неколку фотографии, за кои позирала во облека во националните бои на Франција. Таа позира како легендарните француски фигури, вклучувајќи ги Јована Орлеанка и Луј XIV во лелеава црвена наметка.

Слични објави

(Фото) Мина го покажа лицето на синот што го доби со Амиџиќ: Тој е плод на најголемата љубов што сум ја почувствувала во животот

Еспресо

(Видео) Вељко го исполни ветувањето: Расплакана Цеца му шепна емотивни реченици на синот по мечот

Еспресо

Канје Вест се впушта во порно бизнис, отвора студио: Советничка му е ексљубовницата на Трамп,Сторми Даниелс

еспресо

Почина познатиот менаџер Велибор Џаровски-Џаро

еспресо

Раста се огласи од болница, мора итно на операција: „На безобразните им посакувам исто да ги снајде“

еспресо

Се огласи сопругата на Никола Роквиќ: „И ние тргнуваме на пат за Грција…“

еспресо
Се вчитува....