11:14 - 10 ноември, 2026

Нова моќна двојка: Кајли Џенер и Тимоти Шаламе се во љубовна романса

Реалити ТВ ѕвездата, модел и бизнисменка Кајли Џенер излегува со актерот Тимоти Шаламе, пренесуваат странските медиуми, откако ексклузивната вест ја објави DeuxMoi повикувајќи се на инсајдери.

25-годишната Кајли Џенер и 27-годишниот глумец Тимоти Шаламе се во врска барем од јануари 2023 година. Некогаш најпопуларната девојка на Инстаграм и ѕвездата на филмот „Дина“ наводно заедно ја прославиле Новата година во Аспен, по што заминале на одмор во Турција и на Островите Каикос.

Сепак, ниту Џенер, ниту Шаламе, ниту нивните претставници не ја коментираа оваа информација.

Во јануари, Кајли Џенер раскина со таткото на нејзините деца, раперот Тревис Скот. Поранешните љубовници одгледуваат две деца: 4-годишната ќерка Сторми и едногодишниот син Ејр.

Што се однесува до Тимоти Шаламе, тој беше во романса со ќерката на Џони Деп и Ванеса Паради Лили-Роуз и актерката Еиза Гонзалес.

Слични објави

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо
Се вчитува....