23.8 C
Скопје
12:44 - 7 мај, 2024

Лидија Кочовска: За мене слушнав дека сум во врска со Драган Бјелогрлиќ и пеев на забави за разводи

Со години важи за еден од нашите најдобри женски поп вокали, и на радост на многумина, Лидија Кочовска изминатиов период повторно е активна со настапи низ повеќе локали, пеејќи ги нејзините хитови, како и македонски, регионални и светски евергрини.

Лидија е вработена во хорот на Националната опера и балет, како и нејзината колешка Маја Гроздановска- Панчева со која заедно настапува во придружба на Боби Јоргушевски на клавијатури.

Токму Лидија и Боби, како и Ружица и Ивица Брчиоски од групата „Ареа“ ќе бидат гости во новото издание на емисијата „Еден на Еден“ со Жаре, во недела на Канал 5 од 18.30. Во разговор за „Еспресо“, Лидија се присети на почетоците на својата кариера, кога како 14 годишно девојче не ѝ било лесно да се носи со озборувањата и измислиците кои биле пласирани за неа, а ова ќе го раскаже и во емисијата во недела.

Лидија откри дека нејзиниот татко, Панче Кочовски и нејзината покојна мајка Невена од легендарниот состав Мањифико, ѝ дале многу значаен совет во тоа време.

-Ќерко, ако те повредува во животот ова што го слушаш за себе, немој да се бавиш со оваа професија. За мене имаше многу афери, како што и за сите нас во тоа време, па и сега. Слушнав на времето дека сум била три години во врска со Драган Бјелогрлиќ. Јас човекот не го познаваам воопшто“, вели Лидија.

На свои 14 години, само една година откако ја испеа песната „Петко“ со која се прослави, Лидија за себеси слушнала дека е бремена во шестиот месец. За неа, во тие години, тоа било многу страшно. Но, нејзините родители, не сакале да отвараат фронт со новинарите, иако и на нив им било многу тешко, па затоа родителите ја советувале: „Ако планираш да се занимаваш со оваа професија, мора да отрпнеш.“

Лидија се сети и на времето кога живееше и работеше во Хрватска, а тоа е период од 5-6 години, кога настапувала на многу необични настани, прослави по повод развод.

-Првиот пат мене ме вика екипа, за да си дојдам на настап. „Лидија, имаме настан во тој и тој трговски центар, на тој и тој спрат, во тој и тој локал“, се присети Кочовска.

Кога заминала во локалот каде што требала да пее, видела девојки облечени како зајчици, во исти маици, и помислила дека пее за моминска вечер.

-Згодни девојчиња, лепотици. И јас велам: Ајде, нека е со среќа! И девојката ме гледа и ми вели: Благодарам, но не и на твоја глава! Ѝ велам: Зошто?

-Но, не знам дали знаете дека јас се разведувам“, се присети Лидија, и раскажа дека ѝ бил чуден моментот што не ѝ кажале на каков настан е повикана да пее.

-Бев и насмеана и расплакана. Не знаеш како да реагираш во моментот. Е, после кога влегов во „штос“, чудно ми беше свадби да пеам“, рече Лидија низ смеа, и се присети дека пеела на околу 30-тина такви забави за разводи кои ги организирале и мажи и жени.

Најинтересен момент според неа што на некои од забавите по повод разводите се спојуваат друштвата на поранешните сопружници, таа со нејзините другарки, а тој со неговите другари. Лидија искоментира дека во Хрватска тоа е нормално, како во еден западен систем на живеење.

Фото: Фејсбук 1на1, Инстаграм принтскрин.

Слични објави

(Фото) Никола Роквиќ стаса во Македонија, бакнежот од мајка му ги разнежни обожавателите

еспресо

Ведрана Рудан за борбата со ракот: „Не сакам да умирам на рати“

еспресо

Северина: Порно филмот ми го одбележа почетокот на триесеттите, најлошо ми беше како ќе реагираат моите соученици

Еспресо

(Фото) Марко Новески позира со близначињата: „Мојата дупла среќичка“ 

еспресо

(Видео) „Не знам дали е шок за телото, но…“: Никола Роквиќ едвај дише, но не се откажува од патот до Грција

jasmina.kantardzieva

(Фото) Брена позира на луксузна јахта вредна неколку милиони: Им пркоси на годините

еспресо
Се вчитува....