10:01 - 27 ноември, 2026

Кои се славните соседи на Шакира во Мајами: Поранешната свекрва ја замени со ѕвезди од А листата

Шакира веќе се прости од Барселона по раскинувањето со Жерар Пике. Познатата пејачка се пресели во САД, а за свое живеалиште го одбра Мајами.

Конечно, пејачката веќе не живее покрај нејзината поранешна свекрва, туку сега соседството е многу повесело, а нејзини први соседи се познатите личности како Рики Мартин, Мет Дејмон, Синди Крафорд и Џенифер Лопез.

Во случајот на Џеј Ло, иако ѝ е сосетка на Шакира, таа и Бен Афлек не живеат во оваа палата, туку Лопез ја изнајмува за околу 130.000 долари месечно.

Шакира, инаку, се пресели во куќата во која живеела пред врската со Пике, имот купен во 2001 година, со моментална вредност од над 17,5 милиони долари.

Располага со шест спални соби, седум бањи и две големи дневни соби, додека впечатлив е базенот во големиот двор.

Слични објави

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо
Се вчитува....