15:18 - 29 ноември, 2026

(Фото) Далеку од вревата на градот, ја напушти елитната населба: Еве каде Милан Станковиќ го пронајде својот мир

Милан Станковиќ исчезна од музичката сцена пред неколку години, дури не се појавува на јавни настани. Пејачот се повлече тивко, без многу помпа, и оттогаш успешно ги избегнува папараците.

Откако престана да се занимава со музика, се шпекулираше дека Милан Станковиќ решил да стане монах, но ниту тој не објави ништо за тоа. Познато е дека Милан се посветил на својот приватен живот и бизнисот со камиони, а ретко се огласува на социјалните мрежи.

Сепак, сега објави фотографија и покажа како го поминал 1 Мај. Пејачот ја објавил фотографијата на својот инстаграм-профил, без зборови, без лица – само врвови на дрвја и природа. Пораката е јасна: мир, тишина и бегство од сè.

Да потсетиме, неодамна еден од соседите за српските медиуми изјави дека Милан не оди никаде пеш и дека најчесто е во својот автомобил.

– Секогаш ми изгледа суетно. Секогаш го гледам или во автомобилот, или како излегува од него, или како се качува во него. Тој човек никогаш не оди, не оди никаде пеш. Само гледа преку рамо со тажно или луто лице и тоа е тоа. Толку е суетен, не ми се допаѓа таков тип на луѓе. Искрено, тој е ѕвезда, сите го познаваат, популарен е, но не е толку добар за да нè гледа сите со потценување. Понекогаш само поминува. Не знам ништо за него, како да не живее тука. Едноставно не е како нас – рекол еден од соседите што живее во близина на Милан.

Слични објави

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.
Се вчитува....