18.8 C
Скопје
13:56 - 26 април, 2024

(ФОТО) Анета Марковска: ГАРО МЕ СПАСИ ОД СИГУРНА СМРТ

„Не се мрда и готово. Моравме да се вратиме дома, односно во викендицата во Црешево. По неколку часа, ги чувме вестите за кобниот Велики четврток – петократното убиство кое се случи точно во моментот кога ние требаше да пристигнеме на Смилковско Езеро“.

Додека Анета Марковска од Скопје ми ја раскажуваше нејзината приказна за кучето кое ја спасило од сигурна смрт, ме лазеа морници. Кога ми кажа дека сака да ја сподели приказната, ни оддалеку не насетував дека ќе биде ваква. Тажна, претажна, а повторно среќна, пресреќна. Измешани емоции додека ја слушав како ми раскажува, измешани чувства и сега додека ја прераскажувам.
Анета Марковска / Приватна архива

Сите од семејството Марковски се луѓе кои сакаат да спасуваат улични животни и не се од оние кои се фалат со тоа. Ниту ова нема да биде сторија за фалби и поклонување пред нивната хуманост, туку за благодарност кон едено од кутренцата кое го вдомиле. Приказнава е длабок наклон на Анета кон Гаро.

Фото: Приватна архива
Гаро дента кога е пронајден на депонијата

Судбинска средба

Марковски имаат викенд куќа во скопско Црешово. Во близина на селото има депонија и кутренцата кои се обидувале да ги спасат, најчесто ги наоѓале фрлени во ѓубрето. Таткото на Анета најмногу бил разочаран и тажен, бидејќи, кога и да земеле кутре од таму, по некое време, кутрето умирало, сеедно што давале сè од себе да го излекуваат и спасат. Кога еден ден таткото пронашол фрлено бебе кутренце, „заробено“ во кутија, го ослободил и одлучил: „Можам само да те ослободам од оваа кутија, но не можам да те земам и да тагувам ако те загубам“.

Фото: Приватна архива/ Гаро по лекувањето
Фото: Приватна архива

Неколку часа подоцна, со автомобил возев кон викендицата и од депонијата истрча пред мене едно мало слатко кутре. Буквално ми застана пред кола. Се разбира, го запрев автомобилот и го одведов во куќата. Татко ми, во негов стил, повеќе поради емотивност и заштита искоментира нешто во стилот: „Аман Ане, пред два часа јас го најдов и го оставив, сега ти ми го носиш дома. Повторно ли да тагуваме ако умре?“ Му ветив дека ќе го вдомам кај некого, раскажува Марија за првата средба со Гаро.

И успеала…Гаро го вдомила некоја Кумановка која постојано била во контакт со Анета и ја убедувала дека кутрето е добро и се грижи за него „со сите нишани“. Но, за среќа, на лагата ѝ се „кратки нозете“. По 8 месеци го видела Гаро објавен на Фејсбук од две активистки кои го пронашле во Радишани. Веднаш го препознала, бидејќи Гаро има дисплазија и криви со задната нога. Немало двоумење, Гаро конечно станал дел од семејството Марковски.

Гаро кога е пронајден во Радишани / Приватна архива/
Гаро кога е пронајден во Радишани / Приватна архива

НЕ, не одете кон Смилковско Езеро!

– Гаро постојано беше со мене, каде и да шетав, се знаеше дека доаѓа и тој. Никогаш не се бунеше колку и далеку да пешачиме, напротив уживаше. Еден ден, на 12. 04. 2012 година, јас, мојата другарка и Гаро бевме на стрелиштето во Камник. Кога решивме да продолжиме со прошетката, излеговме на еден пат и прашавме едни луѓе каде ќе нè одведе. Ни рекоа дека по еден час пешачење ќе стигнеме до Смилковското езеро. Никогаш претходно не сме биле таму, па решивме да одиме. Но, Гаро не сакаше да се помести ни еден чекор, нешто кое никогаш претходно не го направил. Секогаш одвај чекаше да тргнеме некаде и да шетаме. Не се мрда и готово. Моравме да се вратиме дома, односно во викендицата во Црешево. По неколку часа, ги чувме вестите за кобниот Велики четврток – петократното убиство кое се случи точно во моментот кога ние требаше да пристигнеме на Смилковско. Во тој момент ми стана сосема јасно зошто Гаро не сакаше да одиме по тој пат. Тој пат ќе нè одведеше до сигурна смрт. Не знам дали беше негова интуиција, дали ме спаси бидејќи јас претходно го спасив…не знам и не ми е важно. Но знам дека не можев да се „приберам“ од емоции, до ден денеска не можам. Бескрајна тага за убиените момчиња, уште поголема благодарност за тоа што останавме живи ние тројцата – благодарност кон Гаро.

Гаро на 12.04.2012 / Приватна архива

А ние сме благодарни што Анета Марковска ја сподели оваа тажна приказна, сепак, за неа и нејзината другарка – со среќен крај. Гаро денеска има 12 години и не е сам. Има другарче, Лаки, кутре кое е пронајдено на истата депонија после 5 години откако е пронајден Гаро.

Гаро и Лаки / Приватна архива
Гаро за маскембал / Приватна архива
Гаро и Лаки / Приватна архива
Гаро, Лаки и Анета / Приватна архива
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ГАРО / Приватна архива

Мими Стојановска

Слични објави

Хана Хуљиќ проговори за љубовта со Петар Грашо и нивната ќерка Алба: Уживам во секој момент

Еспресо

Не е добра ситуацијата: Плановите за погреб на кралот Чарлс Трети постојано се ажурираат

еспресо

(Фото) Раста има посебен гостин во болница: Не сака да се експонира

еспресо

Пејачка почина среде концерт, се сопнала од фустанот: Фатален удар на главата

еспресо

(Фото) Харис Џиновиќ се подмлади: Пејачот го промени имиџот и не носи веќе шешир

еспресо

Астропрогноза за петок, 26 април: Важни вести за Близнаците, добри можности за Биковите

еспресо
Се вчитува....