14:40 - 29 ноември, 2026

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ во ноќна забава со золвата: Ќерката на Цеца ги истакна градите во корсет!

Анастасија Ражнатовиќ излегла и се забавувала со својата золва Вања Гудељ, а потоа објавила фотографија од автомобилот на која двете изгледаат беспрекорно.

Анастасија Ражнатовиќ одлично се согласува со сестрата на својот сопруг Немања Гудељ, а за тоа сведочат сè почестите заеднички фотографии од ноќните излегувања.

Вања и Анастасија го усогласиле својот стајлинг, па така облекле црни корсети кои ја истакнувале нивната фигура. Вања носела корсет кој бил обложен со кристали, додека Анастасија носела чипкаст кој совршено ѝ прилегал на нејзиното тело.

 

Исто така, и двете носеле очила за сонце и биле комплетно нашминкани. Мноштвото накит го надополнил нивниот целокупен изглед.

 


Анастасија Ражнатовиќ веќе извесно време живее во Севиља, Шпанија, со својот сопруг, фудбалерот Немања Гудељ.

Анастасија и Немања уживаат во секој заеднички момент, а со тоа често се фалат на своите социјални мрежи, каде што се многу активни. Сепак, она што на многумина им привлекува големо внимание е нивниот луксузен дом во Шпанија.

Како што пишуваше „Блиц“, Немања купил куќа на шпанскиот брег, каде што живее со сопругата Анастасија.

Куќата е пространа и се наоѓа во непосредна близина на морето. Опремена е со најсовремен мебел и има сè што им е потребно за удобен живот, а во пространиот двор, кој е опкружен со ѕидови, има базен и прекрасни палми кои го доловуваат медитеранскиот впечаток.

 

 

Слични објави

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.
Се вчитува....