17:19 - 31 март, 2026

(Фото) Анастасија Ражњатовиќ ја повтори судбината на Цеца: Го загуби бебето со спонтан абортус, фудбалерот се огласи со тажна вест

Анастасија Ражнатовиќ и познатиот фудбалер Немања Гудељ за жал го загубија своето бебе. Немања се огласи на Инстаграм и ја сподели оваа тажна вест со своите следбеници.

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ еднаш откри дека таа и нејзиниот покоен сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан чекале дете уште пред нивната венчавка, но за жал, дошло до спонтан абортус.

– Го изгубив бебето во третиот месец од бременоста – откри Цеца Ражнатовиќ по 27 години молк.

Пејачката имала спонтан абортус месец и половина пред да се омажи за Жељко Ражнатовиќ Аркан на 19 февруари 1995 година.

Сите детали од овој трагичен настан фолк ѕвездата за прв пат ги раскажа во документарната серија „Цеца шоу“ на телевизија Блиц.

– Јас и Жељко чекавме бебе пред да се венчаме. Свадбата ја закажавме во февруари, а пред тоа бев бремена. Во меѓувреме, за жал, го изгубив моето бебе – откри Цеца во емисијата.

Истата судбина ја доживеа сега и Анастасија.

Инстаграм

„Многу жалиме што јас и Анастасија го загубивме нашето бебе. Ова е мошне болен миг за нас, но нашата љубов ќе го победи и ова“ – напиша фудбалерот на својот Инстаграм профил.

Слични објави

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо
Се вчитува....