6.8 C
Скопје
23:57 - 9 март, 2026

(Фото) Алек Болдвин се прошета гордо на црвениот тепих, фановите бесни: „Ти треба да лежиш во затвор, а не да се перчиш!“

Американскиот актер Алек Болдвин првпат се појави во јавноста по отфрлањето на обвиненијата за убиство од небрежност. Тој присуствуваше на гала настанот одржан во Американскиот музеј за природна историја во Њујорк.

Придружба на 65-годишниот Болдвин беше неговата сопруга, 39-годишната инструкторка по јога Хиларија Томас.

Двојката за прв пат излезе на црвениот тепих откако актерот беше ослободен од обвиненијата за ненамерно убиство на снимателката Галина Хачинс за време на снимањето на филмот „Раст“. Инцидентот се случи во октомври 2021 година, а во април 2023 година, државното обвинителство на Ново Мексико го затвори случајот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alec Baldwin (@alecbaldwininsta)

Иако извесен период новинарите не му даваа мир, Болдвин по трагедијата го продолжи животот, прво – по осми пат стана татко, а неодамна на социјалните мрежи се пофали со новиот подмладен изглед. Сега гордо зачекори и на црвениот тепих, а во меѓувреме го најави и излегувањето на неговиот нов филм. Но фановите не забораваат и гневно го нападнаа актерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alec Baldwin (@alecbaldwininsta)

„Нема шанси да го гледам тоа ѓубре од филм. Ти сто отсто заслужуваш да бидеш во затвор во моментов, а не да лежиш на креветот. Подобро размисли што навистина си направил”, е само еден од бројните негативни коментари на Инстаграм.

„На трагедијата што ја направи, тој се перчи“, гласи друг коментар од лавината критики.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alec Baldwin (@alecbaldwininsta)

Слични објави

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца во бунда од природно крзно од 5.000 евра: Богдана Ражнатовиќ во Русија, не ја тргна насмевката покрај Вељко

Еспресо

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.
Се вчитува....