07:23 - 7 ноември, 2026

(Видео) Харисон Форд шокиран од реакција на новинарка, стана хит: „Многу си згоден, кога се соблече…“

Актерот Харисон Форд (80) беше во Кан на премиерата на својот нов филм за Индијана Џонс, а потоа учествуваше на прес-конференција на која одговараше на новинарски прашања, но една новинарка му даде интересна забелешка.

– Многу си згоден и сите бевме воодушевени кога во една сцена во филмот ја соблече маицата. Се уште то имаш тоа во себе – рече новинарката. А потоа го праша:

– Како тоа ти успева? Можеш ли се уште да јаваш коњ?

На лицето на Харисон Форд се виде дека му е многу непријатно, па речиси шокиран правеше шеговите гримаси. Сепак, на новинарката ѝ даде конкретен одговор.

– Да, можам да јавам коњ, ако ми дозволат – одговори па се пошегува:

– Благословен сум со ова тело, благодарам што забележавте.

Инаку, холивудскиот глумец Харисон Форд со сопругата која е исто така глумица Калиста Флокхард по долго време заедно се прошетаа на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Легендарниот глумец доби Златна палма, најголемо признание на овој Фестивал за животно дело во филмската индустрија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by La Píldora Azul (@lapildorazul)

Пред самата премиера на филмот, продолжение на Индијана Џонс, се прикажуваа инсерти од најславните мигови од неговата кариера долга речиси 50 години, а самиот Харисон Форд се расплака.

За Форд ова е последен пат да го глуми Индијана Џонс, еден од неговите најпознати ликови. Првиот филм за Индијана Џонс илзезе уште во 1981 година, а ова е петто продолжение.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....