01:17 - 19 август, 2026

Европските лидери Макрон, Шолц и Драги во Ирпин: „Светот е на ваша страна!“

„Дојдовме да испратиме порака за европско единство до сите украински граѓани. Ова патување е многу важно за Украина, Европа и глобалната стабилност“, рече францускиот претседател Емануел Макрон при посетата на Киев. 

Шефовите на владите на трите главни држави на Европската унија дојдоа во Киев и да ја покажат својата поддршка за Украина.

„Не сакаме само да покажеме солидарност, туку сакаме и да осигурнаме дека помошта што ја организираме – финансиска, хуманитарна, но и во однос на оружјето – ќе продолжи и во иднина“, рече германскиот канцелар за Билд.

Со поддршка „ќе продолжиме се додека е неопходно за борбата за независност на Украина“, додаде Шолц.

Мисијата на Драги, Макрон и Шолц има силно значење, во име на единството и целосната кохезија на европските земји во осудата на инвазијата на Украина, санкционирањето на Русија и помагањето на Киев.

Посетата на тројцата лидери на ЕУ, исто така, ќе послужи за да се направат напори за деблокирањето на украинскиот извоз на пченица, односно да се обезбедат безбедни поморски коридори за да им се овозможи на трговските бродови да влегуваат и заминуваат од украинските пристаништа, особено од Одеса.

Лидерите во друштво на Зеленски го посетија Ирпин, северно од Киев.. Премиерот на Италија, Марио Драги, истакна дека „го имате светот на ваша страна“, во разговорот со украинскиот командант. Ирпин инаку, е едно од симболичните места на украинскиот конфликт поради масакрите на цивили откриени откако градот беше повторно заземен од украинските сили на крајот на март.

Според експертите, „европското трио“ Драги-Макрон-Шолц, во посета на Киев, има намера да го советува Зеленски да ги продолжи преговорите со Путин и Русија. На посетата ќе се зборува и за снабдување со оружје, што Зеленски постојано го бара.

 

Слични објави

Момчето кое Карлеуша јавно го пофали ѝ упати јавна порака: „Моја лавице, те сакам“

E.A.

Ќе седи рамо до рамо со Карлеуша: Дара Бубамара ги напушта „Ѕвездите на Гранд“, уловена во Пинк ТВ

Еспресо

(Видео) Лазар Ристовски разменува нежности со Аница во базен – заљубениот пар ужива на одмор во Грција

Еспресо

Живеела во беда, одела на училиште со чевлите на татко ѝ, децата ѝ се потсмевале, а денес е главна ѕвезда на црвениот килим во Сараево – која е Разија Чолаковиќ?

Еспресо

Пејачка ограбена во манастир, останала без пари и документи, ги открила деталите од кражбата

Еспресо

Ханка Пладум на 70 години како манекенка, на црвениот килим со елегантната креација порача „стоп за војната“

Еспресо
Се вчитува....