16.8 C
Скопје
13:04 - 18 октомври, 2026

Кога Елизабета Втора ќе заврши со јадењето, сите останати мора да престанат: Oсвен ова, има уште цел куп правила во врска со храната

Од специфична исхрана до тоа кој со кого смее да разговара, британското кралско семејство има еден куп правила кои мора да се почитуваат кога е храната во прашање. Ова се некои од поинтересните.

1. На кралската вечера никогаш нема да се појават 13 гости – бројот на гости може да биде помал или поголем, но никогаш точно 13. Самата кралица не е суеверна, но ги почитува правилата на долгогодишната традиција.

2. Вечерата е строго формална работа – никој не се појавува на масата освен ако не е свечено облечен.

3. Кралицата однапред го одобрува менито и добива неделно мени испратено до неа за да ја одобри или одбие листата на јадења составена од кралскиот готвач.

4. Тестенини никогаш не се служат за вечера, истото важи и за компирите и оризот, а причината е многу едноставна – на кралицата не и се допаѓаат.

5. Има цел тим посветен на средување и поставување на масата – тие се нарекуваат Канцеларија на дворскиот маршал – и нивна задача е да го сместат секој гостин на официјалното место на масата.

6. Разговорите на масата се формални – кралицата разговара само со личноста од десната страна додека не пристигне вториот оброк, по што лицето од левата страна доаѓа на ред.

7. Кога кралицата ќе заврши со оброкот, сите се готови. Значи, кога Елизабета Втор ќе заврши со вечерата, сите останати престануваат да јадат, без разлика дали се гладни или не. Апсолутно е неприфатливо да се продолжи со јадење ако кралицата заврши со нејзиниот оброк.

8. Не смее да се станува од масата пред кралицата да заврши со јадење – исто како и претходното правило, нема да станете од масата без разлика дали јадете или не додека кралицата вечера.

9. Елизабета Втора сепак е за компромис за ова правило, па е позната по тоа што забавува со јадењето за да им даде време на другите да го завршат оброкот.

10. Постои точно одреден начин како се држи шолјата со чај. Кралското семејство треба да ја држи со нивниот показалец и палецот на самиот врв на рачката.

11. Кучињата на кралицата јадат само гурмански подготвена кучешка храна.

12. Сезонската храна е задолжителна. Поранешниот готвач на кралицата тврди дека може да се јадат јагоди секој ден, но само ако им е сезона.

13. Друго правило е дека храната од градината мора да пристигне на масата што е можно поскоро. Таа е органски одгледувана, со забелешка дека мора да одговара на сезоната.

14. Во палатата секогаш мора да има манго. Кралицата бара таа секогаш да го знае точниот број на манго во палатата во секое време од денот, тврдат извори од дворот.

Слични објави

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо
Се вчитува....