16.8 C
Скопје
13:04 - 18 октомври, 2026

Хејли за парализата на Џастин Бибер: „Болеста нè зближи уште повеќе“

Сопругата на Џастин Бибер, Хејли (Болдвин) Бибер, го прекина молкот за неговата парализа.

Неодамна поп-ѕвездата им ја откри на своите обожаватели многу деликатната здравствена состојба, која доаѓа по период на загриженоста поради мозочниот удар на сопругата (минатиот март).

По денови на тишина и загриженост, Хејли Бибер ги споделува своето маки во интервју за Добро утро Америка. Откако нејзиниот сопруг објави на Инстаграм дека има синдром Рамзи Хант, фановите и колегите се разбирливо загрижени.

Ова се тешки денови за Џастин, кој веќе беше ставен на тест во март кога неговата сопруга доживеа мозочен удар. Сега пак, треба да се справи со неговата здравствена состојба.

„Тој се чувствува многу подобро – рече таа во ток-шоуто – ова е навистина застрашувачки и непредвидлив период, но ќе биде добро и ќе се опорави“.

Дијагнозата пристигна на 10 јуни, во многу деликатен момент за двајцата уметници. 25-годишната манекенка, ќерка на Стивен Болдвин, изјави: „(Што се однесува до здравјето) Се трудам да гледам на добрата страна, а тоа е дека тоа многу не зближува. Заедно се соочуваме, еден до друг сме и се поддржуваме. Доживувањето на такво нешто ги зајакнува односите“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber)

Хејли, потоа ја коментираше поддршката од фановите во ова време:

„Поминувањето низ сето ова на јавен план некако ве принудува да реагирате и да покажете јасност за луѓето да разберат низ што поминувате. Навистина, верувам дека зборувањето за тоа предизвика многу социјални дебати“.

Извор пак, близок до US Weekly, изјави колку пресудна грижата на Хејли за сопругот во изминатите неколку дена: „Таа беше неверојатна, остана покрај него за секоја негова потреба, како и со пријателите и семејството. Џастин има голема вера, уверен е дека ситуацијата ќе се реши, но за сега, останува стресна и тешка за двајцата“.

 

Слични објави

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо
Се вчитува....