16:36 - 25 август, 2026

(ФОТО) Српската Адел ослабе 70 килограми за една година: Пејачката Бојана Стаменов „се преполови“ со помош на диета и активни тренинзи

Српската џез и блуз пејачка на широката јавност ѝ е позната на јавноста по учеството во забавното шоу „Јас имам талент“. Таа ја претставуваше Србија и на изборот за песна за Евровизија во 2015 година во Виена, каде го освои 10-тото место.

Позната и како српската Адел, Бојана Стаменов ги воодушеви своите фанови со вистинска трансформација, откако за една година ослабе дури 70 килограми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bojana Stamenov (@thebojanastamenov)


Овие неверојатни резултати Бојана постигнала преку диета и активни тренинзи. Иако многумина би помислиле дека се работи за слабеење со операција на желудникот, овој пат позади оваа огромна трансформација на пејачката стои само однапред предвиден режим од страна на стручен тим.

Сега таа откри дека не застанала тука, и дека продолжила да се грижи за својот физички изглед, па сè уште е физички активна.


Најголема сензација за пејачката беше тоа што сега по оваа огромна промена може да си ја купи гардеробата што ја сака, што претходно не беше случај.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bojana Stamenov (@thebojanastamenov)

„Не можам да спијам и да јадам правилно, само тренирам правилно. Кога ќе ослабам 100 килограми, тогаш тоа ќе биде сензација, иако тогаш ќе бидам премногу слаба. Почнав да купувам облека, што исто така е сензација“ –  изјавила Бојана за „Блиц“, па ги откри плановите за претстојната година:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24sedam SHOWBIZ (@24sedam_showbiz)

„Со мојот бенд работам на авторска музика. Подготвувам една песна и уште неколку проекти за кои не можам да зборувам. Со верба во Бога и луѓето за година, година и пол, ќе дојдете до мојата промоција.

Слични објави

(Видео) Цеце Николова самоуверено позираше во костим за капење: „Мојот маж го заслужува најдоброто, затоа постојам“

Еспресо

(Видео) „Холивуд, чекај ме!“: Андрија Милошевиќ во шорцеви и раскопчана кошула возеше автобус

Еспресо

(Фото) Мебел што не излегува од мода – изберете квалитет од масивно дрво со Wood Room“

Еспресо

(Фото) Ќе ги препознаете ли? Мартин и Стефан од „Некст тајм“ како деца маскирани во Станлио и Олио

Еспресо

(Фото) Само најдоброто за малата Тара – Раста крстари со ќерката на луксузна јахта, сподели семејни моменти

Еспресо

„Летај галебе“ ми дојде на сон: Како Кире Костов ја создаде песната што Верица Ристевска ја претвори во евергрин

Т.Ц.
Се вчитува....