13:40 - 16 јули, 2026

Што се случило на тајната средба на Хари, Меган и престолонаследникот принц Чарлс во Лондон? Еве ги деталите

Принцот Хари, Меган и престолонаследникот – принцот Чарлс – имале тајна средба за време на прославата на јубилејот, но резултатите се разочарувачки.

При престојот на Хари и Меган во Лондон за време на јубилејот на кралицата Елизабета, освен со кралицата, тие оствариле и тајна средба со таткото на Хари, принцот Чарлс кој е престолонаследник.

Според Мирор, со овој таен состанок Хари и Меган сакале д се обидат повторно да се зближат до принцот Чарлс но очигледно средбата дала само лоши резултати.

Војводите се надевале дека ќе ги поправат односите со кралското семејство, но наместо тоа наишле на ѕид на недоверба и сомнеж. Истиот ѕид што тие самите помогнаа да се изгради со јавни изјави и откривање на „валкани“ детали од животот во кралската палата.

Хари и Меган биле забележани како излегуваат од Кларенс Хаус, резиденцијата на Чарл и Камила. Принцот од Велс, неговиот син и снаа – според Мирор – се сретнале во апсолутна тајност. Но според новинарот Кристофер Андерсон, „тоа беше многу површен состанок без никакви резултати“.

Според експертот, разговорот бил премногу избрзан за Чарлс и неговиот син да постигнат компромис во семејната расправија што се одолговлекува повеќе од две години, можеби дури и пред да се официјализира Мегксит.

Односите се сè уште напнати меѓу принцот Хари и неговото семејство, а тоа се виде и за време на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета. Војводите од Сасекс присуствуваа само на еден од официјалните настани, имено на службата за благодарност во катедралата Свети Павле, пред да се вратат во Калифорнија прекратувајќи го престојот во Лондон.

Слични објави

(Фото) Луксуз во прв план: Николина Пишек носи чанта од 6.000 евра

Еспресо

Анастасија Ражнатовиќ се породи во тајност, го доби првото дете со Немања: Цеца доби уште едно внуче

Еспресо

Карлеуша тврди дека одбила договор со Канје Вест: „Бараше да ме шета на поводник и да лижам млеко од подот“

Еспресо

(Видео) „Како не ви е срам?“: Објавата на Сека Алексиќ за „туристите со домати“ и денес се споделува

Еспресо

(Видео) „Срамота! Вода тече веќе десет дена“: Цеца бесна поради работите пред нејзиниот дом, го прозва и Водовод

Еспресо

(Фото) Голема прослава во домот на Сека Алексиќ – пејачката сподели фотографија од сопругот и синовите

Еспресо
Се вчитува....