24.8 C
Скопје
08:51 - 1 септември, 2026

Еве зошто Академијата не му го одзема оскарот на ВИЛ СМИТ

По немилиот настан што се случи на сцената на Оскарите минатата недела после полноќ, извор зборува за намерите на Академијата.

Вил Смит е неприкосновена ѕвезда во последните два дена. Во текот на ноќта на Оскарите 2022 година, одржани во театарот Долби во Лос Анџелес, актерот и комичарот Крис Рок станаа протагонисти на непријатен инцидент. Крис Рок, американски комичар познат по своите прилично искрени шеги, за време на церемонијата се пошегува на сметка на Џејда Пинкет Смит, актерка и сопруга на Вил Смит. Жената морала да ја избричи косата поради алопеција, а Крис Рок својата шега ја базираше на нејзиниот физички изглед. Вил Смит во чин на лутина стана и му удри шлаканица на Крис Рок. Што требаше да направи Академијата? – многумина се прашуваа.

Откако Вил Смит го удри Крис Рок, во салата завладеа тишина, прекршена само од гласот на Смит кој му повтори на комичарот да не се осмели да зборува за неговата сопруга. Не недостигаа шокантни реакции од публиката и многу актери и актерки останаа запрепастени од овој срамен момент. Се дебатираше дали тоа не може да биде инсценација, но во некои аспекти изгледаше навистина верно изведено. Сепак, Си-Ен-Ен ја пренесува изјавата на извор близок до членовите на Академијата. Некои од челниците на комисијата седеле токму во просторијата и ја гледале сцената, а според овој извор, тие немале можност ни време добро да размислат што да направат. Нивната неспособност да одлучат на лице место, сепак, му овозможи на Смит да му биде доделен Оскар за најдобар актер.

Но, покрај шокот што изгледа ги погоди дури и оние кои требаше да одлучат за наградата доделена на Вил Смит, се смета и дека одземањето на доделениот Оскар ќе предизвика уште повеќе контроверзии. Затоа, најверојатно, Академијата НЕМА да му го одземе оскарот на Смит. 

Секако, Академијата, која само го осуди насилството и со соопштение се огради од постапките на актерот, но не сака поголемо внимание по срамниот момент што се случи на сцената. Крис Рок одлучи да не поднесе жалба и да не поведе дисциплинска постапка против Смит.

Вил Смит откако ја зеде наградата јавно се извини на сите, вклучително и на своите колеги.

Состојбата засега останува непроменета, а не се знае дали Академијата во иднина ќе одлучи на каков било начин да дејствува, но најверојатно – не со одземање на наградата.

Она што е сепак сигурно е дека овој контроверзен момент влезе директно во историјата на Оскарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Variety (@variety)

Слични објави

Хороскоп за 1 септември: Биковите треба да избегнуваат кавги, на Девиците им треба одмор

Еспресо

(Фото) Слобода Миќаловиќ никогаш попровокативна – актерката позираше во проѕирен фустан, одоздола ѕиркаше црн костим за капење

Еспресо

(Фото) Од фризерскиот салон до светската сцена: Октај Сејди е новиот Мистер на Македонија

Еспресо

Тамара Тодевска и Лука уживаат во прекрасното зајдисонце на Козјак

Еспресо

Да се потсетиме на едно од ретките зачувани интервјуа со легендарната Сашка Петковска, која прерано го загуби животот во сообраќајна несреќа

Т.Ц.

(Фото) Нина Бадриќ веслаше кајче на Свети Наум и порача дека ова е рај!

Еспресо
Се вчитува....