16:08 - 28 ноември, 2026

Еве каде ќе настапува Јелена Карлеуша за Нова година: Се подготвува дочекот на плоштадот во овој град

Поп дивата Јелена Карлеуша реши да ја открие тајната и, иако се уште не е официјално објавена, најави дека за Нова година ќе пее на плоштадот во Крагуевац.

На промоцијата на нејзиниот парфем „ЈА“, која се одржа на 25 ноември во еден белградски трговски центар, Карлеуша проговори за новогодишната ноќ.

-Тоа е голема тајна, но ќе ја откријам, настапувам во Крагуевац за Нова година, на плоштадот таму – изјави Јелена Карлеуша за „Информер“.

Инаку, на прашањето за кого е наменет парфемот и дали е опиум за мажи, таа одговори:

– Парфемот не може да се подели на машки и женски. Тоа е како кога сакате мирис на дожд, море, борова шума, свежо печен леб, ванила… Тоа се некои од мирисите што ми се допаѓаат. Каде е машката или женската одредница? Не постои. Значи, според мене тоа се сосема непотребни предрасуди. Дали постои храна која се дели на машка и женска? Така и парфемот, мислам дека се дели само на тоа дали остава трага или не. Дали ви се допаѓа или не – изјави Јелена.

Слични објави

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо
Се вчитува....