5.8 C
Скопје
08:25 - 19 октомври, 2026

Двете венчаници на Џенифер Лопез кои ги носеше на свадбената церемонија во Лас Вегас

Џенифер Лопез и Бен Афлек викендов заминаа за Невада за да се венчаат на церемонија во Лас Вегас.

Џеј Ло на свадбената церемонија носела два фустани – едниот раскошна венчаница на Зухаир Мурад со тантела, а другиот беше вистинско изненадување, бидејќи беше многу „прибрана“.

Минималистичкиот фустан е всушност винтиџ парче од филм, откри пејачката.

„Значи, со најдобрите сведоци што некогаш можевте да ги замислите, фустан од стар филм и сако од плакарот на Бен, ги читавме нашите сопствени завети во мала капела и си дадовме прстени што ќе ги носиме до крајот на животот“. Имаа дури и Bluetooth за (краткиот) марш до олтарот. Но, на крајот тоа беше најдобрата можна венчавка што можевме да ја замислиме. Онаква за каква одамна сонувавме и која ја остваривме по долго, долго време“, рече Џенифер, додавајќи дека фустанот долго време го чувала за посебен ден.

Другата гламурозна венчаница на Џеј Ло има деколте, со отворени рамена, долги чипкани ракави и корсет. Дополнета е со соодветен вел со тантела. Венчаницата е од невестинската колекција на Зухаир Мурад за пролет 2023 година.

Венчавката се одржа речиси 20 години откако парот ја откажа свршувачката поради „прекумерното медиумско внимание“. По средбата на снимањето на филмот „Џигли“ во 2002 година, Џеј Ло и Бен започнаа романса и добија заедничко име „Бенифер“, кое им го дадоа обожавателите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Metro Magazine (@metromagph)

Планираа раскошна венчавка во септември 2003 година во Санта Барбара, но само неколку дена пред прославата откажаа се.

Неколку месеци подоцна, целосно ја прекинаа својата романса, а Лопез се омажи за Марк Ентони следната година, додека Афлек набргу потоа се ожени со Џенифер Гарнер. Сепак, тие неодамна ја обновија својата романса – а сега конечно ја крунисаа својата љубов со брак.

Слични објави

Хороскоп за 19 октомври: Лавовите ќе се потпрат на својата интуиција

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо
Се вчитува....