32.8 C
Скопје
14:43 - 8 септември, 2026

Два кинески носачи на авиони пуштени во море пред можната посета на Пелоси на Тајван; и вооружените сили на Тајван во состојба на готовност

Два носачи на авиони на Народноослободителната армија на Кина излегоа во морето и може да бидат испратени во областа на Тајванскиот теснец пред можната посета на Тајпеј од страна на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси. Ова го објави денес (вторник) тајванскиот весник Жонгуо Шибао, цитирајќи неименуван воен набљудувач, а пренесува руски тасс.

Според овие информации, носачите на авиони Лиаонинг и Шандонг неодамна ги напуштиле пристаништата Кингдао и Сања. Во моментов не е јасно дали бродовите се упатуваат кон зоната на тајванскиот теснец или ќе учествуваат во воени вежби. Во секој случај, ова укажува на интензивирање на воената конфронтација меѓу Кина и САД во регионот, смета тајванскит весник.

Од друга страна, рупа на американската морнарица предводена од носачот на авиони Роналд Реган моментално е стационирана во водите југоисточно од Тајван, соопшти во понеделникот кинескиот SCSPI.

Според тајванските медиуми, Пелоси ќе отпатува за Тајпеј во денес (вторник) навечер на чело на шестчлена делегација што ја претставува Демократската партија. Посетата на претседателката на Долниот дом на американскиот Конгрес на Тајван ќе биде прва за американски политичар од ваков ранг во последните 25 години.

Пекинг повеќепати ја предупреди американската страна дека доколку се случи посетата нема да остане без последици, а Кина ќе преземе строги мерки. Според медиумите од Тајпеј, вооружените сили на Тајван исто така се ставени во состојба на готовност.

Во меѓувреме, Пелоси е во посета на Малезија.

Слични објави

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.

Верица Ракочевиќ за животот, успесите и загубите: „Продадов три големи стана во Белград за бизнисот“

E.A.

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ носеше фустан вреден 2.400 евра на роденденската прослава

Еспресо

Сите благодети на морската сол – содржи повеќе од 80 состојки кои позитивно влијаат на здравјето, кожата и косата

Т.Ц.

Тага и солзи: Росана со лична приказна за Маријана

Еспресо
Се вчитува....