20.8 C
Скопје
11:19 - 29 април, 2024

ДРУГАТА СТРАНА НА ВОЈНАТА: Како се Русите? Притиснати од цензура, отсечени од светот, а бегството од земјата е сè потешко

Од една страна има огромен број на украински бегалци, кои бегаат од бомбите во својата земја. Но од друга страна тука се и Русите, стотици граѓани, кои ја напуштаат својата земја за да избегаат од земјата каква што е денес, ставени под бројни санкции, и кои стравуваат дека којзнае како ќе биде веќе утре.

Животот на Русите е се потежок со секој изминат час. Така, додека можат, тие се обидуваат да стигнат пред се во Финска, европската земја која ја дели најдолгата граница со Русија (1.335 километри), да ја поминат со воз или со автомобил, бидејќи воздушниот простор им е забранет. Рутата за бегство е можна, но и многу комплицирана поради визите и сертификатите за вакцинација.

Секојдневниот живот во Русија денес

Животот под небото на Москва е тежок и се заканува да биде се потежок секој нареден ден: Западните санкции направија рубљата да „падне“, односно да изгуби 90% од својата вредност во однос на американскиот долар од почетокот на годината. Банкоматите се испразнети, поради навалицата од граѓаните кои се во огромна паника. Околу половина од резервите на централната банка се замрзнати во странство. И многу странски компании ги затворија своите филијали во Русија: од Шанел до Диор, од Икеа до Најк, од Сефора до Епл, од IBM до Мајкрософт.

Без големи брендови, без кредитни картички

Не е тешко да се замисли што значи тоа: не само што ниеден Русин веќе нема да може да купи производ од големите популарни марки, дури ни Ајфон, туку, пред се, десетици илјади луѓе останаа и без работа.

На штандовите во продавниците пак, се враќаат производите произведени само и исклучително во Русија.

По барање на украинскиот претседател Владимир Зеленски, кредитните картички PayPal, Mastercard, American Express и Visa ги прекинаа услугите во земјата. Тоа зборува дека со изолацијата на Русија  од остатокот од светот дури и оној кој ќе сака да си оди нема да може.

Сè повеќе луѓе ја замислуваат својата иднина далеку од Русија, затоа што веќе неколку дена се стравува дека Путин ќе одлучи да воведе воена состојба. Тој тоа го негираше, но според многу аналитичари неизбежната последица на целиот овој хаос би била затворање на границите: напуштањето на Русија тогаш би станало невозможно. Исто како во „советската ера“.

Тотална цензура, затворска казна до 15 години

Цензурата владее насекаде откако Путин на 4 март го потпиша законот со кој се воведуваат казни за оние кои шират вести за кои се смета дека се лажни за руската армија и за оние кои зборуваат за „војна“ и „смрт на цивили“ за ситуацијата во Украина. Ним им се заканува затворска казна до 15 години.

Блокирани се и пристапите на Фејсбук и Твитер. Западните медиуми се класифицирани како „странски агенти“, и се цензурирани. Но, Кремљ сака целосно да го блокира и пристапот до Интернет, односно до 11 март сите сервери и домени се предвидува да бидат префрлени на рускиот Интранет.

Тогаш, ајде да се обидеме да го замислиме животот и на Русите во овој момент. За Русите беше нормално да поседуваат/купуваат западни производи наменети за широка потрошувачка, дури тие беа и пасионирани токму за овие производи. А сега, не можат веќе да ги најдат.Но, уште потешко, односно невозможно ќе им биде да најдат козметички средства, тоалетна хартија или јаткасти плодови. Или инсулин, бидејќи и тој беше увезен. Се повеќе Руси ќе остануваат без работа, а во секој случај нивната валута веќе не вреди ништо. Нема да можат да ги бодрат своите тимови и нивните спортисти, бидејќи им се забранети сите меѓународни спортски натпревари. Не можат да гледаат Нетфликс, не можат да играат „Fortnite“. Пред се – не можат да бидат информирани. А заминувањето од државата станува се потешко, известува италијанскиот женски портал на „кориере дела сера“.

Слични објави

Уапсен Жерар Депардје! Ќе биде сослушан за наводите за сексуален напад врз две жени

еспресо

Тања Савиќ тајно се омажила со пилотот Муки: „Мојот сопруг е навистина прекрасен…“

еспресо

Велики понеделник: Што не треба да се прави на првиот ден од Страсната недела

еспресо

Астропрогноза за понеделник, 29 април: Скорпиите да внимаваат на парите, Овенот да започне врска

еспресо

Стиснете заби до празниците: Судбината болно ќе ги погоди овие два хороскопски знаци

еспресо

Мелина тврди дека не ја слушала музиката на Харис Џиновиќ, тој ѝ одбруси: „Гледаше во мене како во споменик!“

еспресо
Се вчитува....