26.8 C
Скопје
22:29 - 28 август, 2026

Дневен хороскоп за 2 октомври: Бидете трпеливи, ве очекува убав период

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 2 октомври , погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денес.

Овен

Енергијата овој ден е насочена кон завршување на работните обврски. Партнерот ве поддржува и обидете се да одржувате добра комуникација до крајот на денот. Здравствената состојба е одлична.

Бик

Почетокот на овој ден е под влијание на вашата одлука да промените некои работи во однос на вашата емотивна ситуација. Бидете упорни и мудри во она што го правите денес. Работата е стабилна и нема да имате поголеми проблеми. Обрнете внимание на можните главоболки.

Близнаци

Вашата сила лежи во способноста да комуницирате, затоа потрудете се во текот на денот да се осигурате дека добрата комуникација ви овозможува да завршите сè што ви треба. Поволни вести од странство во врска со семејството.

Рак

Месечината ја активира вашата емотивна страна и ви носи можности да бидете многу ранливи. Помлад член од семејството очекува голема поддршка од вас. До крајот на денот ќе треба да донесете важни деловни одлуки. Пазете се од конфликт. Емоционално незадоволство.

Лав

Денес ќе бидете многу строги кон себе и кон другите. Обидете се да комуницирате со себе на најдобар можен начин. Кога ќе се сакате и почитувате себеси, тогаш и другите ќе го направат истото. Парите пристигнуваат од странство. Можни се проблеми со притисокот.

Девица

Во текот на овој ден најдобро е да одлучите да се грижите за себе и навреме да ги завршите работните обврски. Добивате поддршка од личност родена во знакот Јарец. Љубовната ситуација е комплицирана. Проблеми со коленото.

Вага

Емотивната страна е многу стабилна и тоа ве прави среќни. Ќе се занимавате со деловни предлози, ве очекуваа и одлични вести за сето она што досега сте го работеле. Бидете внимателни во комуникацијата со партнерот.

Скорпија

Ова е еден од подобрите денови во годината. Обидете се да ги решите емоционалните дилеми во врска со љубовта. Партнерот не ја разбира вашата потреба да бидете сами. Љубовта е предизвик. Здравјето е одлично.

Стрелец

Прекумерната тврдоглавост може да ве доведе до големи конфликти во семејството. Што се однесува до работата, ќе бидете презадоволни бидејќи ќе добиете пофалби. Љубовта стагнира. Здравјето е под влијание на Меркур и ви претстои променливото расположение.

Јарец

Самиот почеток на денот ви ветува и носи голема одговорност кога се во прашање работните и деловните обврски. Потрудете се да му кажете сè што мислите на партнерот. Нема потреба од паника, но треба да посетите лекар за вашиот ’рбет.

Водолија

Меркур денес го активира вашето поле за пари, ќе имате одлични деловни вести. Личноста во знакот Вага е голема поддршка за вас во вашето семејство. Партнерството е многу нестабилно, разговарајте за проблемите.

Риба

Вашата потреба да им помагате на луѓето може да ве чини нервоза и напнатост што ќе ги чувствувате во текот на овој ден. Прифатете се и продолжете понатаму. Ве очекува одличен финансиски период. Љубовта е стабилна. Можни проблеми со нозете.

Слични објави

(Фото) Првпат на море со синот – сликата на Алекса Балашевиќ со малиот Ѓорѓе ќе ве разнежни

Еспресо

Исплива преписката на Алексеј Бјелогрлиќ со друга девојка, договараат средба во Цирих и ја понижуваат Сара Јо

Еспресо

(Фото) „Само зумирајте“: Маја Шупут привлекува внимание во костим за капење со долг прорез

Еспресо

Поради еврејското потекло се криела по тавани и подруми, а од стрес косата ѝ побелела за неколку минути: Неверојатната животна приказна на Рахела Ферари

Т.Ц.

(Фото) „На овој наш православен празник ми се промени животот“: Водителката Милена Антовска го слави 9. роденден на ќерката

Еспресо

Тони Зен: Слаткаристика е најдобриот рапер во Македонија

apostolova
Се вчитува....