14:21 - 13 ноември, 2026

Дизајнерката Маја Кикириткова: Најдобро стилизирана пејачка кај нас е Антониа Гиговска

Македонската модна дизјанерка Маја Кикириткова во телевизиско гостување јавно проговори  за тоа кој македонски артист, според неа, изгледа најдобро.

Според етаблираната дизјанерка младата и атрактивна Антониа Гиговска ја има титулата.

– Ако зборуваме за физички изглед, според мене тоа е Антониа Гиговска. Од глава до пети секогаш е скоцкана. Зборуваме што изгледа соодветно со нејзината музика и години. Со одлична фризура, шминка, облека… Дефинитивно е број 1 моментално – вели таа.

Со ова Кикириткова ѝ дава и индиректно комплимент и на Викторија Бурсак, една од најпознатите македонски стилистки којашто работи со Антониа уште од нејзините почетоци на „Ѕвездичките на Пинк“.

фото: Маја Кикириткова / Инстагарам

Генерално за модата во Македонија, Кикириткова, вели дека во последните години забележува дека се следат трендовите, но една работа ја нервира.

– Мене ужасно ме нервира тоа што сè помалку ќе сретнете луѓе со сопствен стил. Не може денес да се облечеш во еден стил, утре ќе видиш на интернет нешто сосема друга, па ќе го облечеш тој стил. Тоа не води никаде – вели таа.

фото: Маја Кикириткова / Инстагарам

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Слични објави

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.
Се вчитува....