29.8 C
Скопје
11:05 - 24 август, 2026

(Фото) Јордан Митев во најнежно издание: Пивце на плажа, а до него мирно спие малиот Кристијан

Македонскиот фолк-пејач Јордан Митев по бројните настапи одвои време за одмор со семејството, а еден од неговите најубави моменти со малиот син Кристијан го сподели и со своите следбеници на социјалните мрежи.

Митев објави фотографија од плажа, на која е во сосема опуштено издание. Пејачот одмора на лежалка и се разладува со пиво, додека веднаш до него мирно спие неговиот син Кристијан.

Фото: Скриншот

Митев и неговата сопруга Славица се родители на две деца, ќерката Кристина и синот Кристијан, а за тоа колку татковството му го променило секојдневието пејачот неодамна искрено зборуваше и во интервју за „Слободен печат“.

Тогаш откри дека, иако неговите професионални обврски се зголемиле, секој момент кога е дома го посветува на семејството. Како што раскажа, семејните обврски воопшто не му претставуваат товар и со задоволство ги исполнува, бидејќи смета дека вистинскиот успех е целосен само кога во него е вклучено и семејството.

Токму Кристијан беше инспирација и за неговата песна „Сине, сине мој“. Митев раскажа дека идејата за песната се родила уште во моментот кога првпат го слушнал плачот на својот син и ја почувствувал посебната емотивна поврзаност меѓу родителот и детето. Претходно напишал песна и за својата ќерка Кристина, па сакал да создаде нешто што ќе остане како спомен и за неговиот син, семејството и публиката.

Во интервјуто за „Слободен печат“, пејачот зборуваше и за долгото исчекување тој и Славица да станат родители. Нивната ќерка Кристина се родила шест години по стапувањето во брак, период кој Митев го опиша како долг и исполнет со турбуленции. Во меѓувреме се соочил и со здравствени проблеми, но по тешкиот период пристигнала Кристина, а подоцна семејството се зголеми и со Кристијан.

Митев со многу убави зборови зборуваше и за сопругата Славица, која ја запознал пред повеќе од една деценија за време на негово гостување во Австралија. Тој ја опиша како трпелива, вредна, тивка, емотивна и рационална жена, а особено го цени нејзиното разбирање за неговата професија и жртвите што ги бара музичката кариера.

И покрај честите отсуства поради настапите, пејачот активно учествува во грижата за децата. Во интервјуто раскажа дека Кристина повеќе време поминува со него, додека Кристијан е повеќе со мајка си, но нагласи дека е вклучен во сите обврски околу нив. Кога професионалните ангажмани го оддалечуваат од домот по неколку дена, голема помош им се бабата и дедото.

Посебно место во семејното секојдневие има и неговото родно Подареш. Митев раскажа дека секој можен момент со децата го поминува таму, бидејќи сака Кристина и Кристијан да ги почувствуваат мирот и топлината на селото и да растат опкружени со баба и дедо. За него, можноста неговите деца да уживаат во истиот двор во кој тој растел претставува непроценливо богатство.

А фотографијата од плажа е уште еден мал дел од семејното секојдневие што Митев повремено го споделува со јавноста – овојпат без микрофон и сценски светла, во друштво на малиот Кристијан.

Паралелно со семејните моменти, Митев продолжува и со професионалните обврски. По летниот период исполнет со настапи, за крајот на годината е најавен и негов голем солистички концерт во Скопје.

Слични објави

Дизајнерката Маја Кикириткова: Најдобро стилизирана пејачка кај нас е Антониа Гиговска

Еспресо

„Не допира ништо низ куќата“: Поранешната куќна помошничка на Лепа Брена откри каква е таа приватно

Еспресо

Хороскоп за 24 август: Овенот има важен разговор, Ракот има несогласувања со партнерот

Еспресо

Емина Јаховиќ потрошила милион евра за нов стан, а веќе мисли да се сели: „Што ми требаше ова, зошто сум овде?“

Т.Ц.

„Најголема победа е да израснат во добри луѓе“ – Сергеј Ќетковиќ отворено за посвојувањето на ќерките

Т.Ц.

Нина Бадриќ повторно воодушеви со беспрекорниот изглед, изгледа како холивудска дива

Т.Ц.
Се вчитува....