18.8 C
Скопје
01:39 - 27 јули, 2024

Џулија Робертс се огласи за смртта на Метју Пери: Доживеале голема љубов, а еве што кажа за трагедијата

Актерката Џулија Робертс проговори за тажната судбина на нејзиното поранешно момче, легендарниот актер Метју Пери.

Таа гостуваше во емисија за да го промовира новиот филм, но беше прашана и за трагичната смрт на Пери.

– Ненадејната смрт на секој кој е толку млад е срцепарателна. Мислам дека, знаете, тоа ни помага само да го цениме она што го имаме и да продолжиме на позитивен начин колку што можеме – рече таа во емисијата „Entertainment Tonight“.

Инаку, Метју Пери и Џулија Робертс се запознале за време на нејзиното гостување во серијата „Пријатели“, кога Метју ја контактирал за да стане дел од нивната екипа барем во една епизода.

Како што своевремено рече Пери, продуцентите го замолиле да контактира со неа откако таа рекла дека ќе гостува во емисијата само доколку нејзиниот лик може да биде во некаква приказна со Чендлер.

– Тогаш ѝ испратив рози и напишав на хартијата: „Единствено повозбудливо од шансата да учествуваш во емисијата е што конечно имам изговор да ти испратам цвеќе“ – рече Пери.

Не само што Џулија се согласила да соработува, односно да глуми во една епизода, туку му испратила и подарок на Метју, „ми испрати многу пецива“ – изјави Пери за „Тајмс“.

Нејзиниот договор да глуми во специјална епизода на „Пријатели“ го поттикна она што Пери подоцна го опиша како тримесечно флертување преку секојдневни факсови додека таа работела на филм во Франција. Кога епизодата почнала да се снима, тие веќе биле пар.

Пишувајќи во неговата автобиографија „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“, Пери открива дека тие размениле стотици пораки во деновите пред е-поштата да стане секојдневие.

– Три или четири пати на ден седев до мојот факс и гледав како парчето хартија полека го открива нејзиното следно писмо. Бев толку возбуден што една вечер, кога се најдов на забава и имав можност да флертувам со една атрактивна жена, гледав да го завршам разговорот за да трчам дома и да видам дали пристигнал новиот факс – раскажа своевремено актерот.

Тој и актерката на крајот започнале врска, но Пери ја оставил два месеци откако таа се појави во емисијата.

– Запознавањето со Џулија Робертс беше премногу за мене. Постојано бев убеден дека ќе ми раскине. Зошто да не? Не бев доволен и никогаш не можев да бидам доволен за неа. Бев скршен, свиткан, недостоен за љубов. Затоа, наместо да се соочам со неизбежната агонија да ја загубам, раскинав со убавата и брилијантна Џулија Робертс. Можеби мислела дека излегува со телевизиски тип, а сега телевизорот ѝ раскинал. Не можам да го опишам збунетиот израз на нејзиното лице откако ѝ кажав“, рече Пери.

Слични објави

(Фото) Се појавија експлицитни фотографии од Меланија Трамп: „Сакате да удирате ниско?“

еспресо

(Фото) Романтичен ручек на луксузна јахта: Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата уживаат на море

jasmina.kantardzieva

Цеца Ражнатовиќ жртва на измама: Моето име е злоупотребено, ќе биде добро ако не поднесам кривична пријава

Еспресо

„Веста нè шокираше!“ Соседите на Драгана Мирковиќ од родниот крај го разврзаа јазикот за разводот со Тони Бијелиќ

Еспресо

„Прво ќе те претепа, па ќе ти донесе букет“: Ведрана Рудан ги откри деталите за бруталното насилство во бракот

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во домот на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ: Украсен со многу љубов и светлина

Еспресо
Се вчитува....