15.8 C
Скопје
10:17 - 28 септември, 2026

(Видео) Александра Пријовиќ не издржа пред крајот на концертот: Мора ли секоја вечер да плачам?

Пејачката Александра Пријовиќ ја продолжи концертната турнеја „Од истока до запада“, а синоќа го одржа своето четврто по ред шоу во Хрватска, каде закажа пет загрепски Арени.

Имено, покрај тоа што публиката цела вечер пеела во дует со неа, кон крајот на концертот неколку минути скандирале „Пријо, те сакаме“, по што пејачката се разнежнила од емоции и не можела да ги задржи солзите.

„Мора ли секоја вечер да плачам?“, праша Александра и доби огромен аплауз.

Инаку, Пријовиќ имала и гости како изненадување на концертот, а со неа пееле Саша Матиќ, како и Лепа Брена, Јелена Розга и Наташа Беквалац.

Пријовиќ на својата публика ѝ откри дека пеела со Матиќ додека била во седмиот месец од бременоста со синот Александар, кој исто така овој пат бил со мајка му.

Она што ја допрело е моментот кога малиот Александар излегол кај мајка си на сцената и ѝ подарил плишано мече, поради што пејачката повторно била на раб да се расплаче.

Слични објави

(Фото) Нина Бадриќ во елегантно и заводливо издание – прошета по улиците на Париз во тесен црн фустан

Еспресо

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски: „Бог ми го даде и ми го зеде мојот син Петар“

Еспресо

(Видео) Песна на Весна Змијанац крие голема трагедија — вистинската приказна зад еден од нејзините најголеми хитови

Еспресо

Алка Вуица призна дека била љубовница: „Понижувачки е за една жена, мислите дека ќе излезете неповредени, но не можете“

Еспресо

(Фото) Цеце Николова покажа како ја одржува одличната форма: „Затоа сум толку радосна“

Еспресо

Кога срцето ја гледа вистината што сака да ја види: Полната Месечина во Овен носи судир меѓу желбата и реалноста

Т.Ц.
Се вчитува....