5.8 C
Скопје
23:20 - 12 март, 2026

Деми Ловато за предозирањето: Живеев во лага дека сум среќна (ВИДЕО)

Американската пејачка Деми Ловато, гостувајќи во подкастот на Ешли Грејем „Pretty big deal“, рече дека пореметувањето во исхраната е една од причините која влијаела на нејзиното предозирање во јули, 2018 година.

Уморна сум од строго вежбање и екстремни диети. Последните неколку години мислев дека го решавам проблемот со пореметувањето во исхрана, но всушност тонев се подлабоко. Симптомите не беа очигледни како порано, но очигледно е дека се работеше за пореметување во исхраната. Кога имате околу себе одредени луѓе кои ви зборуваат како треба да изгледате, тоа дополнително ги отежнува работите – вели Деми.

Деми се предозираше во јули 2018 година и итно беше префрлена во болница, каде се задржа краток период пред да замине на рехабилитација.

Искрено сметам дека токму тоа доведе до се она што се случи во изминатата година. Во моментот кога помислив дека сум излечена, а всушност не бев. Живеев со таа лага и се обидував да го убедам светот дека сум среќна кога всушност не бев – додава Ловато.

Пејачката, во гостувањето кај Ешли Грејем, најави и дека ќе издаде нов албум.

Наскоро ќе издадам нов албум, а потоа ќе му се посветам на менталното здравје – порача Деми.

 

Слични објави

Фаталната Славонка со жешките фотографии откри дека нешто се крчка

Еспресо

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо
Се вчитува....