6.8 C
Скопје
09:37 - 1 април, 2026

Цветна поезија на стотина квадратни метри, Елена Дамчевска ни ги отвори вратите на нејзиниот двор и дом

Го посетивме скопскиот двор на Елена Дамчевска, по професија економист, таа работи во финансискиот сектор. 

Оваа голема љубителка на цвеќињата и природата сама е одговорна за дворот кој се простира на околу стотина квадратни метри, но бројни цвеќиња има и дома.

– За надвор обожавам повеќе цветни растенија, а од домашните – преовладуваат орхидеите и темјанушките.

Одгледувањето цвеќе на Елена секојдневно и одзима два часа, но ако треба да се прочистуваат сувите цветови и листови – вели – може да се задржи и до четири часа.

– На сончева светлина ги изложувам сарделите, петуниите, пркосот, темјанот…, а на североисток останатите цветни растенија – ни открива Елена.

Предизвик кога е во прашање дворот?

– Секогаш да е среден, а потоа се сместувам на лулашката со книга и кафенце за уживање – низ насмевка ни раскажува.

За крај ја прашуваме што би им порачала на оние кои сакаат да започнат со нега и одгледување на цвеќе.

– Најдобро е да почнат со поотпорни цвеќињам како сардели, пркос, кампанула па дури и бегонии – советува таа.

Инаку, Елена е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во фотогалеријата.

Фото – приватна архива

(Фото сторија) Дворот од басна на г-ѓа Баснаркова на двестотини квадратни „страници“

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....