22:13 - 4 ноември, 2026

Цеца и Сека се во конфликт, а ќе спијат во ист апартман на Копаоник! Поради Нова година ќе мора да се „трпат“ 

Пејачките, кои не зборуваат со години, ќе бидат на популарната планина за дочекот на 2025 година, бидејќи и двете се ангажирани за новогодишните настапи.

Српските фолк пејачки Светлана Цеца Ражнатовиќ и Светлана Сека Алексиќ порано интензивно се дружеа, но последниве години вешто се избегнуваат, што нема да биде случај за Нова година. Пејачките се ангажирани да настапуваат во хотел на Копаоник каде, како што дознава српски „Курир“, ќе престојуваат во ист апартман. Така, настапот на Сека е прв и тој ќе биде во најлудата ноќ, додека нејзината колешка ќе пее за реприза на истото место.

Како што пишува „Курир“, кога починал српскиот моден дизајнер Саша Видиќ, кој некогаш беше близок со Цеца, но до својата смрт нималку не ја штедел, Сека објавила пост во кој, како што некои сметаат, индиректно ја прозвала својата колешка затоа што не сакала да одговори на новинарските прашања во врска со прераната смрт на модниот дизајнер.

– Одредени личности треба да научат што е сочувство и совест, да научат што е почит кон некој што починал, ако сте барем малку вистински верници, а не „механички“ – напишала тогаш Сека, без да прецизираза за која личност зборува.

Три месеци претходно, додека одговарала на прашањата на следбениците на Инстаграм, Сека ѝ упатила срдечен поздрав на Цеца:

– Искрено, не се сеќавам кога сум ја видела. Таа веројатно ужива да биде баба, тоа е најубавото нешто што можело да ѝ се случи. Поздрав до Цеца.

Но ниту тука не застанала. Таа неодамна го изрази своето критичко мислење за облекувањето, фризурата и шминката на Цеца.

– Мислам дека жена која е ѕвезда и која заслужува подобро е Цеца. Цеца, според мене, дефинитивно треба да го промени својот шминкер и стилист. Тоа е мое лично мислење. Никој не треба да се лути поради тоа. Мислам дека е таква ѕвезда што заслужува да изгледа многу подобро, поубаво и поскапо на настапите. Ако сте една од поголемите ѕвезди, мора да изгледате скапо и добро. Така што веднаш би ја сменила шминкерката на Цеца – рекла таа и додала:

– Веднаш би ја отпуштила, не ни знам која е. Немам ништо против личноста, но нејзината шминка е многу лоша според мене. Фризурата ѝ е како-кога. Обликот на фризурата би го сменила, не би ја носела правата, рамна коса што ја носи. Тоа е тоа – рекла Сека во еден здив.

По ова Алексиќ доживеала „напади“ од соработниците на Ражнатовиќ, но самата Цеца не се огласила.

Слични објави

(Фото) Сара Јо позираше во провокативно модно издание – црниот фустан од тантела ја истакна нејзината витка фигура

Еспресо

Може да јаде во најскапите ресторани, но вечера ајвар и црн леб: Емина Јаховиќ ја открива тајната на витката линија

Еспресо

(Видео) Спомен стар 30 години го изненади Коки Јанков — обожавателка зачувала тетратка посветена на „Дуле и Коки“

К.С.

(Фото) И сестрата на Мелина се омажила за богаташ: Емина живее во луксуз во Турција, ретко се појавува во јавноста, а еве како изгледа

Еспресо

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо

„Само што излезе од болница, раната му прокрвави, а тој испи два литра вино“: Колегата на Тома Здравковиќ проговори за последните денови на пејачот

E.A.
Се вчитува....