18:06 - 2 април, 2026

Чуда се случуваат: Гавазова направи нешто на кое Велевска не остана рамнодушна! (ВИДЕО)

Нашите најпопуларни фолк-пејачки покажаа дека сакаат да шират љубов на естрадата!

Фолк-пејачките Елена Велевска и Сузана Гавазова до вчера важеа за можеби едни од најлутите ривалки на естрадата.

Тиквата помеѓу нив две пукна кога пред неколку години преку медиумите си упатија грст навредливи зборови, а нивната војна траеше со години…

Но, како велат, времето е лек за се, па така Велевска и Гавазова успеаа да ги надминат недоразбирањата кои ги имаа помеѓу себе.

Денеска можеби не се најдобри другарки, но сепак во неколку наврати пејачките покажаа почит една спрема друга.

Еден таков доказ е ѝ тоа што Сузана пред неколку дена на една наша телевизија испеа песна на Елена. Станува збор за песната „Говорот на телото“, која важи за една од најдобри во кариерата на Велевска.

Фото: Принтскрин

Во знак на благодарност, Елена јавно го сподели видеото на својот профил на Фејсбук со коментар дека ѝ честита на изведбата.

Погледнете  го настапот на Гавазова со песна на Велевска.

Слични објави

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо
Се вчитува....