11:42 - 2 април, 2026

Четири години без Маџгаљ: Пријателите направија песна во негова чест која ќе ве расплаче! (ВИДЕО)

Маринко Маџгаљ беше познат српски актер, пејач и водител. Роден е на 21 август 1978 година во Белград, но поголем дел од детството го помина во Котор, каде и порасна.

Дипломираше во 2000 година на Факултетот за драмски уметности во класата на професорката Гордана Мариќ. Оствари бројни театарски претстави, филмски и телевизиски улоги, а исто така беше успешен и како водител и пејач.

Меѓутоа, Маринко пред точно четири години на овој ден почина од рак на панкреас. За оваа опасна болест тој дознал предоцна, меѓутоа докторите дадоа се од себе да го спасат.

Маринко е погребан на 29 март на Новите гробишта во Белград со звуците на песните: „Еден ден живот“, „Мама Хуанита“, „Боледувам јас“, „Тивко вечерва“, „На тебе мислам“, „Што се борат мислите мои“.

Во негова чест, Андрија Милошевиќ, Слободан Мичаловиќ, Александар Сречковиќ Кубура, Милена Васиќ, Игор Дамјановиќ, Тамара Крцуновиќ, Јелена Ступлјанин, Марко Кон и Огнен Амиџиќ снимија спот за песната со наслов „Животот е лотарија“.

Погледнете:

Инаку Маринко и Огнен пред неколку години снимија и песна на македонски јазик, која носи наслов „Македонка“, а во неа главната улога ја има нашата поранешна мисица Емилија Розман.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо
Се вчитува....