14.8 C
Скопје
11:22 - 20 април, 2024

Дума: Не е вистина дека не сум ги почитувал препораките за изолација и сум ги ставил во опасност од зараза своите колеги

Во целост ја демантирам веста на порталот “Лидер” и останатите портали во кои се тврди дека “не сум ги почитувал препораките за изолација и сум ги ставил во опасност од зараза своите колеги, како и голем број вработени во комплексот клиники”.

– На 10 март, само 1 ден откако на мојата сопруга и беше одредена самоизлоација, писмено се обратив до ДСЗИ за да добијам насоки за мое понатамошно делување како здравствен работник и Директор на Универзитетската клиника за очни болести, со посебна напомена дека мојата сопруга веднаш се самоизолира во посебен стан на друга адреса, вели Дума.
Насоката која ја добив од ДСЗИ ви ја пренесувам во целост:
„Според она што сте го презеле, постапено е правилно, односно сопругата е во самоизолација во друг стан. За Вас нема посебни препораки, како контакт од втора линија, се додека нема промена на Вашата здравствена состојба”.
– И покрај тоа што немав пепорака за самоизолација, но и покрај тоа што  во тој момент мојата сопруга имаше негативен тест на Ковид – 19 , јас 10 дена не одев  на работа за што може да посведочат сите мои колеги на очната клиника. Најодговорно тврдам дека мојата сопруга е во самоизолација на сосема друга адреса и точно 19 дена немаме никаков контакт, со што целосно ги почитуваме препораките од здравствените власти, вели Дума, и бара извинување на сите кои ја пласирале лажната вест да се извинат за нарушување на неговиот углед.

The post Дума: Не е вистина дека не сум ги почитувал препораките за изолација и сум ги ставил во опасност од зараза своите колеги appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....