26.8 C
Скопје
16:14 - 29 април, 2024

Заболените од коронавирус проговорија за специфичните симптоми: необичен замор, „вдишување на сув песок“, губење на чувтсво за вкус и мирис, силна кашлица, задушување…

Со домашна изолација повеќето се обидуваат да го избегнат коронавирусот, но како да знаме дека сме заболени? Колку и да придонесуваат за ширење на паника, социјалните мрежи истовремено станаа алатка за оние кои одлучиле отворено да зборуваат за симптомите на коронавирус. Нивните пораки се испраќаат до сите оние кои ја нарушуваат самоизолацијата и ги загрозуваат другите со нивниот арогантен пристап. По исповедта на 39-годишната келнерка Тара Џејн Лангстон, животните приказни на многубројни луѓе почнаа да го заобиколуваат светот.

MISERICÓRDIA!.!.!. E ainda idiotas falando que é apenas uma gripe forte … bando de retardado .!!.!.

Publiée par Luis Gustavo Moretti sur Mercredi 18 mars 2020

Една од заразените која на социјалните мрежи проговори за симптомите беше и белградскиот драматург Билјана Србљановиќ.

– На деветиот ден од изложување на вирусот(имав среќа во несреќа што точно знаев каде и како сум се заразила), одеднаш симптомите се менуваат: некоја магла во главата, неповрзани мисли, немам сила ни да седнам, а камоли да одам, не можам да најдам збор и само ми се спие. Температурата одеше до 37,5 и паѓаше до 37, но чувството дека не можам да вдишам – не онака како кога ќе се закашлаш, па се „задушуваш“, туку буквално, како „цевките“ да се задушени и воздух не може да влезе, и тоа е тоа. Како некој топол сув песок да дишеш, не знам како поинаку да објаснам – ова е дел од нејзината изјава на Фејсбук.

Dragi prijatelji i nepoznati uplašeni ljudi,mnogi mi pišu da pitaju za tačne simptome, pitaju za medicinski savet i…

Publiée par Biljana Keller sur Mercredi 25 mars 2020

26-годишната Американска Фиона Ловенстејн на Твитер им се обрати на своите врсници кои заразата не ја сфаќаат сериозно.

-Се обраќам на сите луѓе на мои години кои се прашуваат како би можела да изгледа заразата со коронавирус, кои се симптомите…Јас на почетокот се чувствував многу осамено, едноставно немаше доволно информации за младите кои се хоспитализирани, се прашував што се случува со мене. Мило ми е што партнерот и родителите ме наговорија да побарам лекарска помош, зашто мислев дека поради своите години тоа не би требала да го правам – објаснува Фиона која успешно се излечила од вирусот.

-Се започна пред десет дена. Се чувствував уморно, повеќе од вообичаено. Ме болеше главата, па се напив ибупрофен. Два дена подоцна добил температура и тешко дишев. Следниот ден почувствав бодење во градите, под срцето. Ми беше тешко да зборувам без да се чувствувам уморен, – пишува Бредли Зифер.

 

The post Заболените од коронавирус проговорија за специфичните симптоми: необичен замор, „вдишување на сув песок“, губење на чувтсво за вкус и мирис, силна кашлица, задушување… appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....