5.8 C
Скопје
03:12 - 1 април, 2026

Бред Пит одговори на прашањето дали Џенифер Анистон ќе му биде партнерка за Оскарите! (ВИДЕО)

Откако после наградите SAG за прв пат беа фотографирани заедно после 15 години, Бред Пит и Џенифер Анистон ја размрдаа имагинацијата на милиони фанови кои сакаат повторно да ги видат заедно.

На меѓународниот филмски фестивал во Санта Барбара вчера вечер новинарите го прашале Бред Пит дали планира да ја земе Џенифер Анистон како партнерка за доделувањето на Оскарите следниот месец, а за неговата реакција не престанува да се збори.

56-годишниот актер шармантно се насмеал пред да одговори дека нема партнерка за Оскарите и се тргнал од новинарите.

Навивањето за поранешниот брачен пар стана погласно после нивната средба во бекстејџот на доделувањето на SAG наградите во Лос Анџелес. „Не знам, благословено сум наивен и ќе останам таков“, изјавил Бред Пит во Санта Барбара за Entertainment Tonight тврдејќи дека не ги чита насловите. Подоцна додал дека Џенифер му е добра пријателка.

„Хистерично е, но за што друго да се разговара“, се обратила Џен за истата тема.

Анистон и Пит беа во брак од 2000 до 2005 година, отприлика до времето кога тој глумеше со Анџелина Џоли во филмот „Mr. & Mrs. Smith“.

Иако постојано инсистирал на тоа дека неговото раздвојување од Анистон нема никаква врска со Анџелина, Бред и таа на крај станаа пар и родители на 6 деца. После повеќегодишната врска се земале во 2014 година, пред разводот кој го започнаа уште во 2016 година, а финализираа дури лани.

Анистон во меѓувреме се венчаше со Џастин Терокс во 2015 година, но нивниот брак заврши 2 години подоцна.

View this post on Instagram

Reunited. @jenniferaniston

A post shared by Brad Pitt (@bradpittofflcial) on

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....