20.8 C
Скопје
16:53 - 11 октомври, 2026

Близнаците од „Некст тајм“ признаа дека имале иста девојка

Важат за мирни, кротки и питоми отсекогаш, а сега Стефан и Мартин од познатото дуо „Некст тајм“ седнаа на полиграф и проговорија за многу приватни работи.

Меѓу бројните прашања водителот Стефанатор на двајцата засебно им го постави истото прашање: „Дали е точно тоа дека сте биле со иста девојка?“

Мартин за ова прашање веднаш одговори потврдно.

– Да, тоа беше многу одамна, млади бевме, можеби 17-18 години. Девојката прво дојде мене, ме баци, а после разбрав дека и со Стефче се сплеткала. Малку се подналутивме, ама добро ни помина – откри тој.

Стефан го потврди истото.

– Како да имав претчувство дека ќе ме прашаш за ова. Не се сеќавам добро, ама знам дека имаше една опасна  девојка, ми се чини како да не смота двајцата. Мислам дека јас му ја земав на Мартин, така нешто беше – се присетува тој.

Младост лудост, што да се каже.

Да се потсетиме на најновата песна на „Некст тајм“ која има над 100.000 прегледи за неполн месец. Ужиајте во „Славам“ и продолжете да слушате македонска музика.

 

Слични објави

(Видео) Андрија Милошевиќ ги стопи срцата на сите со видео од дома: Неговиот син го снима и се смее на глас

Еспресо

Сузана Манчиќ го продаде станот и откри зошто нејзиниот сопруг спие во хотел: „Кога го виде тоа, донесе одлука“

Еспресо

Нова диплома за Марија Панчева: Ќерката на Маја и Дарко го заврши и вториот факултет

Еспресо

Чолиќ го испратил возачот пред зградата на српската пејачка! Она што ѝ го дал ќе го памети до крајот на животот

Еспресо

(Фото) Сека Алексиќ ослабела 21 килограм, а сега откри и како го постигнала тоа

Еспресо

Тијана Дапчевиќ: Најголемата заблуда е дека имам дрво од кое берам пари

Еспресо
Се вчитува....