02:25 - 1 ноември, 2026

„Докторот ми рече дека вакво срце нема видено“: Јована Јеремиќ се расплака по прегледот кај кардиолог

Српската водителка Јована Јеремиќ се огласи со емотивна порака за својот покоен татко, поттикната од неодамнешниот преглед кај кардиолог.

„Татко мој, денес се сетив на тебе додека докторот ми го прегледуваше срцето. Ми рече дека вакво нешто нема видено, кај обичен човек параметарот е 40 проценти, а кај мене е 70. Му реков: ’Тоа е на татко ми, само тој имаше толку големо и силно срце‘. Ти благодарам што ми ги остави овие гени“, напиша таа.

Водителката евоцираше спомени и од детството во Црна Гора, присетувајќи се на утрото кога нејзиниот татко одел на риболов.

Оваа емотивна објава доаѓа во период кога Јована соопшти дека привремено се повлекува од ТВ-екраните за да му се посвети на организирањето на сопствената свадба со партнерот Милош. Свадбената церемонија ќе се одржи во интимна атмосфера, во кругот на најблиските.

Слични објави

(Фото) Во црно од глава до пети – Северина го врати модниот хит од 80-тите

Еспресо

Луна Ѓогани искрено за бракот и лошите искуства: „Марко ми ја виде душата, а остана со мене и покрај сите мои маани“

E.A.

(Видео) Жаре од „Еден на еден“ се присети на Тоше Проески: „Таква енергија не можеш да опишеш со зборови“

К.С.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ со својот син наскоро пристигнуваат во Србија – во семејството се подготвува голема прослава

Еспресо

Балкански музички ѕвезди кои трагично ги загубија животите во сообраќајни несреќи

Е.А.

Сестрата на Тоше Проески, Дора, сподели емотивно видео од Тоше со татко му Никола

Еспресо
Се вчитува....