20:43 - 31 октомври, 2026

Бјелогрлиќ на суд: Антонијевиќ ме нарече криминалец, никаквец и предавник на Србија

Во Првиот основен суд во Белград, режисерот и актер Драган Бјелогрлиќ денеска ја продолжи одбраната на судењето, во врска со обвинувањата за насилничко однесување против неговиот колега Предраг Антонијевиќ , на 23 август 2021 година во Ниш.

Со оглед на тоа што судењето почна одново, Бјелогрлиќ накратко рече дека останува на својата одбрана што му ја дал на претходниот судија, наведувајќи дека Антонијевиќ сè уште јавно го нарекува криминалец.

„Вчера Антонијевиќ на националната фреквенција ме нарече криминалец, разбојник и предавник на Србија“, рече Бјелогрлиќ и додаде дека Антонијевиќ ја користи секоја можност да го дискредитира.

На прашањето на адвокатот на оштетениот дали на Антонијевиќ му испратил мејл во кој му нуди поткуп, Бјелогрлиќ тврди дека никогаш не испратил мејл со ваква содржина. Судијата на обвинетиот му постави неколку прашања, како и колку пијалок испил во критичната прилика, на што Бјелогрлиќ рече дека не се сеќава, но неговиот бранител истакна дека во списите на предметот има токсиколошки извештај.

Слични објави

Луна Ѓогани искрено за бракот и лошите искуства: „Марко ми ја виде душата, а остана со мене и покрај сите мои маани“

E.A.

(Видео) Жаре од „Еден на еден“ се присети на Тоше Проески: „Таква енергија не можеш да опишеш со зборови“

К.С.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ со својот син наскоро пристигнуваат во Србија – во семејството се подготвува голема прослава

Еспресо

Балкански музички ѕвезди кои трагично ги загубија животите во сообраќајни несреќи

Е.А.

Сестрата на Тоше Проески, Дора, сподели емотивно видео од Тоше со татко му Никола

Еспресо

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.
Се вчитува....