20.8 C
Скопје
21:10 - 19 септември, 2026

БИТОЛЧАНКИ НАЈЈАКИ ЧУПИЊА, СЕ КАПАТ НАДВОР И ВО ЗИМА: Разговор со Елеонора Димковска, студентка, планинарка, гимнастичарка

Сигурно сте чуле дека пливањето на отворено во зима е здраво. Но, и самата помисла на тоа некогаш е доволна да смрзнеме.

Познавате ли некој што го прави тоа? Ајде да ве запознаме со една девојка што ја  донесе Скандинавија во Македонија. И да, битолчанка е и сака да се капе на „Диховски капејнци“ и во зима.

Луѓето обично ме знаат како гимнастичарка, но откако започна ситуацијата со пандемијата почнав сé почесто да одам на планина, па сега многу од луѓето ме препознаваат како чупето од планината. Фото – приватна архива

Дали битолчанки се најјаки чупиња?

– Интересно прашање. Не можам да негирам, пред сé затоа што сум јас битолчанка. Меѓутоа како што слушам секогаш се зборува дека битолчанките се посебни, уникатни, па може и има некоја вистина во тоа.

Која е Елеонора, девојката која плива на отворено во зима?

– Јас сум од Битола. Љубителка сум на спортот. Луѓето обично ме знаат како гимнастичарка, но откако започна ситуацијата со пандемијата почнав сé почесто да одам на планина, па сега многу од луѓето ме препознаваат како чупето од планината.

Дали знаеш дека капењето во ладна вода во зима е Скандинавски начин на живот?

– Се разбира. Имам многу читано за тоа како дури и децата од најрана возраст ги оставаат да играат во снегот по костими за капење и сето тоа ми звучеше забавно, па почнав да го применувам и јас.

Какво е чувството кога влегуваш во мраз ладна вода?

– Чувството не може да се опише, мора да се доживее. Се разбира и мене ми е ладно, дишењето потешко се контролира, но со вежби се постигнува сé. Колку почесто влегувам во ладна вода толку полесно мојот организам ја поднесува ладната вода. Исто така кога ќе излезам од водата без разлика што надвор температурата знае да биде минус, ладното не го чувствувам.

Како влегувањето во ладна вода ти влијае врз твоето ментално и физичко здравје?

– Пред се капењето во ладна вода го подобрува имунитетот и го прави организмот поотпорен. Ја подобрува циркулацијата. Кога надвор е многу ладно организмот не е во шок и лесно се справува со ниските температури. Откако се капам во ладна вода, ладното воопшто не ми е проблем, слободно си излегувам надвор без да се облекувам премногу и баш ми е пријатно.
Во однос на менталното здравје капењето во ладна вода ми влијае позитивно на расположението и ми ја подобрува концентрацијата.

фото-приватна архива

Од каде ти е љубовта кон планините?

– Љубовта кон планините ја добив од мојот дедо кој беше планинар. Често одев со него и едноставно се вљубив во природните убавини.

Покрај љубовта кон планините и капењето во ладна вода, имаш и друга љубов – факултетот. Што точно студираш?

-Студирам на факултетот за Безбедност во Скопје. Поточно студирам криминалистика.

Која е твојата среќна слика што си ја замислуваш по пет, а која по десет години?

– Среќата за мене претставува постојана дружба, љубов и позитивни моменти со најблиските, тоа така ќе биде и по пет и по десет години.

Слични објави

Александра Пријовиќ вели дека го откажала концертот поради болест, а на социјалните мрежи веднаш се појавија разни теории

Ц.Т.

Тажниот крај на Маргита Стефановиќ Маги, „црната принцеза“ на ЕКВ

Т.Ц.

(Фото) Вистинска оаза и луксуз – вака изгледа вилата на Едита Арадиновиќ каде што ќе живее со својата ќерка

Еспресо

Напиша 5 збора и доби 100.000 евра – oва е песната што ѝ донесе богатство на Марина Туцаковиќ

Еспресо

Харис Џиновиќ за провокативните фотографии на Џина: „Не треба да се фотографира како старлета“

Еспресо

Луксузната вила на Николина Пишек во Загреб има нов сопственик? Позната инфлуенсерка го покажа препознатливиот ентериер

Еспресо
Се вчитува....