19:52 - 19 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Пораст на температурите, сончево време, еве кога

– Како што најавивме, од утре следува неколку дневен период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ветерот кој што го имавме денес од северен правец и тоа со засилен интензитет, од утре ќе ја намали својата брзина. Наутро и тоа особено утре ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и минималните температури понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени – прогнозира нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски пораст на максималните температури ќе има за време на викендот, кога истите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени. И во Скопскиот регион во следните неколку денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Наутро температурите ќе се спуштаат и под -5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 6 и 8 степени.

Слични објави

(Видео) Јаков Јозиновиќ и Џејла објавија мистериозни видеа во исто време: „Мислев дека е вештачка интелигенција“

Еспресо

(Фото) Атина Тошиќ отпатува во Австрија: Шопинг во луксузни бутици и стајлинг со потпис на „Шанел“

Еспресо

„Ме нервира мрзеливоста на колегите“: Јанг Дади без влакна на јазикот

Еспресо

Јована Јеремиќ се омажи за Тигар! Тајна венчавка во црква, невестата и младоженецот пресреќни

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Планирате бременост?

Еспресо

Долг кариран капут, проѕирни хулахопки и чизми до колена: Сара Јо се појави во „без панталони“ модно издание

Еспресо
Се вчитува....