19.2 C
Скопје
23:36 - 10 јули, 2026

„Барбенхајмер“ повторно доминира: Објавени номинациите за Златен глобус 2024

Денеска официјално беа објавени номинациите за осумдесет и првото по ред доделување на Златните глобуси кое ќе се одржи во Беверли Хилтон во Лос Анџелес на 7 јануари.

Листата на номинирани за Златен глобус 2024 година ја објавија комичарот Седрик и актерот Вилмер Валдерама.

Филмовите „Барби“ и „Опенхајмер“ познати по феноменот „Барбенхајмер“ водат во номинациите за наградата Златен глобус. „Барби“ има дури девет, додека „Опенхамер“ осум номинации. Меѓу кандидатите со по седум номинации се „Убијци на Цветната Месечина“ и „Кутри нешта“.

Марго Роби, Ема Стоун, Леонардо Дикаприо, Килијан Марфи и Двејн Џој Рендолф се меѓу номинираните за најдобра глума.

Серијата „Наследство“ води во ТВ номинациите со вкупно девет. Меѓу другите телевизиски серии што се номинирани се „Убиства во зградата“, „Дипломат“, „Утринско шоу“ и „Круна“.

Јужнокорејскиот филм „Минатите животи“ е најмногу номиниран филм од неанглиско говорно подрачје со вкупно пет номинации.

Деветте номинации на филмот „Барби“ ги вклучуваат оние на Марго Роби за најдобра женска улога во мјузикл или комедија, Рајан Гослинг за најдобра споредна машка улога и Грета Гервиг за најдобра режија.

Три од деветте номинации на „Барби“ се за најдобра оригинална песна – имено „Dance The Night“ од Дуа Липа, „I’m Just Ken“ од Рајан Гослинг и „What What I Made For?“ од Били Ајлиш.

Филмот „Опенхајмер“ е номиниран за филмско остварување и најдобра оригинална партитура. Емили Блант е номинирана за нејзината споредна улога во филмот, додека Килијан Марфи е еден од шесте номинирани за најдобар актер во драма.

Други номинирани во категоријата најдобар актер се Бредли Купер во филмот „Маестро“, Колман Доминго во филмот „Русин“ и Ендрју Скот во филмот „Сите ние странци“, кој треба да излезе во јануари.

Инаку, американската мрежа „ЦБС“ ќе го емитува доделувањето на наградите на оваа свечена церемонија, која исто така ќе ги емитува и наградите Греми. Сè уште не е објавено кој ќе биде водител за 2024 година.

Целосната листа погледнете ја ТУКА.

Слични објави

(Фото) Сека Алексиќ позираше во тесни хеланки и кратка маичка – пејачката ослабе, се пофали со својата трансформација

Еспресо

(Фото) Ена Чолиќ во жешко издание – позираше во минијатурно бикини на плажите во Грција

Еспресо

(Фото) „Те сакаме бескрајно“: Ана Севиќ и Дарко Лазиќ го прославуваат роденденот на ќерката Лорена

Еспресо

Ретка приказна за Кире Костов објавена три години по неговото заминување

Еспресо

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ по 7 месеци се огласи од Шпанија: Цврсто ја прегрнал сопругата, па испрати порака што збуни многумина

Еспресо

Совршен подарок: Мали уметнички дела од восок – креации што го разубавуваат секој простор

Еспресо
Се вчитува....