9.8 C
Скопје
15:12 - 31 март, 2026

Бајден: „САД ќе го бранат Тајван во случај на кинески напад“

Ниту еден американски претседател пред Бајден никогаш не бил толку отворен во воената одбрана на Тајпеј.

На четири недели до дваесеттиот конгрес на ККП, Комунистичката партија на Кина, настанот што ќе ја дефинира новата надворешна политика на Пекинг, американскиот претседател Џо Бајден отворено вели дека американските сили ќе го бранат Тајван од можен кинески напад.

Изјавата е дадена за Си-Би-Ес, запрашан од новинарот дали американските трупи ќе го бранат Тајван, Бајден одговори „да“ доколку се работи за „напад без преседан“.

Ова не е прв пат Бајден да рече дека американските сили ќе бидат вмешани во војна меѓу Кина и Тајван, иако Белата куќа подоцна ги повлече овие тврдења. Последен пат слична изјава даде во мај, за време на посетата на Јапонија. Со ова, ниту еден друг американски претседател никогаш не бил толку експлицитен во потсетувањето на Пекинг со какви ризици би се соочил доколку реши да го нападне Тајпеј, пренесува „раињуз“.

Слични објави

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin
Се вчитува....