13:08 - 29 ноември, 2026

Ана Ивановиќ ги прославила празниците во Србија! Еве кој ѝ правеше друштво, ни трага ни глас од Швајнштајгер!

Во последните неколку дена се шпекулираше дека поранешната тенисерка Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг, поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, се разведуваат. Ана пред неколку месеци отпатува во Србија, каде што ги помина новогодишните празници без својот избраник.

Имено, нејзините заеднички моменти со Драгана Џајиќ, ќерка на претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Драган Џајиќ, завршија на социјалните мрежи, додека од Бастијан немаше ни трага ни глас.

Драгана е мажена за братот на Ана, Милош, и двајцата се, според сите извештаи, многу блиски.

Тие собраа друштво и поминаа време во баровите во главниот град, а судејќи според насмевките на сликите, си поминале убаво. Храна, пијалоци, прегратки и идилична атмосфера – сето тоа можевме да го видиме во објавите што ги споделија, за кои нашироко се зборуваше.

Да потсетиме, откако германските медиуми ја објавија веста дека Ана и Бастијан раскинале, портпаролот на фудбалерот даде изјава дека двајцата нема да коментираат за својот приватен живот и побара разбирање.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova
Се вчитува....