07:03 - 10 ноември, 2026

Амбер Херд не може да му плати oтштета од 10 милиони на Деп, адвокатката: „Беше демонизирана“

За адвокатката на актерката, јавното мислење влијаело на исходот на случајот, и вели дека лично таа била против камерите во судницата. 

Амбер Херд нема пари да го плати огромното обештетување што го должи на Џони Деп. Ова го откри адвокатката на актерката, Елејн Бредехофт, интервјуирана од NBC ден по пресудата на судењето.

„Имавме планина докази што беа потиснати“, рече адвокатката на Херд, додавајќи дека „Амбер нема пари да ја плати огромната отштета на која поротниците на Ферфакс ја осудија“.

Сумата што актерката ќе треба да ја плати на поранешниот сопружник е 10,35 милиони долари, додека Џони Деп ќе плати „само“ 2 милиони.

Според адвокатката, во текот на судењето „биле претставени работи што не требале да бидат и тоа ја збунило поротата, додека тимот на Џони успеал да потисне планина докази“, вклучувајќи ги и оние што се појавија во судскиот процес против „Сан“ од 2020 година во Лондон. Во тој случај победи таблоидот кој го нарече Деп „оној што тепа жени“. Овој пат поротата пресуди дека поранешните сопружници се клеветеле меѓусебно, но Деп доби многу повеќе.

Инаку, Амбер е подгитвена да поднесе жалба на пресудата.

 

 

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....