13:14 - 7 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Денес и утре максималната температура ќе се искачи до…

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и релативно топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 18 степени.

Според Попоски, утре ќе се задржи претежно сончево, додека во петок облачноста полека ќе се зголемува, а за време на викендот ќе има повремени локални врнежи од дожд и тоа особено во недела. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени, додека од недела истите ќе бележат тенденција на пад и тоа поради продор на постудена воздушна маса од север. Во недела исто така ќе дува и умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....